
„Фајненшл тајмс“ објави предвидување за Грција дека земјата во наредните четири години или ќе се врати на драхмата, или ќе прогласи банкрот, или ќе се остварат и двете сценарија, што во Грција е протолкувано како „шокантно“.
Во анализа за планот за одржливост на германската коалициска Влада на демохристијаните на Ангела Меркел и социјалдемократите, весникот пишува дека „владината коалиција во Германија ќе треба да прекрши некои ветувања“.
– Лидерите на владејачката коалиција нема да ги исполнат нивните ветувања на германските гласачи, бидејќи недостасува подготовка од страна на политичката класа за она што ќе се случи во наредните четири години. Голема закана за Германија во текот на следните четири години не е демографијата, туку должничката криза во еврозоната. Без разлика кое сценарио за кризата ќе превладее, некои ветувања дадени на електоратот ќе мора да се прекршат, пишува „Фајненшл тајмс“.
Во статијата се дава пример за она што ќе се случи во наредните четири години во врска со грчката должничка криза и се истакнува дека Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) предвиде дека грчкиот долг ќе се стабилизира на 160 отсто од бруто домашниот производ во 2020 година. ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд аритметички ја базираа целата нивна помош за Грција на цел од 124 проценти од БДП.
– Во наредните четири години, Грција или ќе банкротира или ќе излезе од еврозоната – или и двете. Стратегијата на ЕУ на револвинг кредити на подолги рокови и пониски каматни стапки се доближува до својата природна граница, заклучува „Фајненшл тајмс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Роналдињо има само 6 eвра на сметка
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


