| четврток, 6 декември 2018 |

Филе до ЕУ: Кажете веќе еднаш што ќе правите со Македонија

S-File-740

Комесарот за проширување очекува земјите-членки на претстојниот самит на Европскиот совет да дадат насока за европската иднина на Македонија

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, очекува земјите-членки на Унијата на претстојниот самит на Европскиот совет да дадат некаква насока за европската иднина на Република Македонија.

Во рамки на 12. конференција „Западен Балкан: брза и бавна линија“, во организација на невладините организации „Пријатели на Европа“ и „Конрад Аденаур Штифтунг“, Филе, кој учествува заедно со македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, но и други високи политичари од ЕУ, истакна дека Комисијата бара Македонија да ги почне преговорите за членство.

– Јас сум загрижен за домашната политичка ситуација во ПЈР Македонија и тензиите меѓу Владата и опозицијата, како и од немањето резултати за прашањете на името во разговорите кои се водат под капата на Обединетите нации – посочи Филе.

Според првиот човек за проширување на ЕУ, Европската комисија препорачала по петти пат отворање на пристапните преговори и очекува што ќе се одлучи на самитот на Европскиот совет овој месец.

– Ние им понудивме на земјите-членки како да се придвижи напред овој процес оти не го сметам за вредно постојаното повторување на препораките за почеток на преговорите, а земјите-членки повторно да ветуваат дека ќе се вратат на ова прашање за време на следното претседатлство со Унијата и да не исполнуваат. Понудивме нов пристап за решавање на добрососедските односи, вклучително и на прашањето за името на почетокот од пристапните преговори. Со доволно гаранции за сите загрижени дека добрососедските односи ќе се допрат како што треба пред да почнеме со супстанцијална работа во рамки на преговорите. За жал тоа не се зема предвид од земјите-членки – посочи Филе.

Годинава бараме од земјите-членки да ни кажаат што сакаат со ова прашање? Да повторуваме и догодина препорака за почеток на преговори? Но дали има терен за тоа, ни треба малку повеќе насоки од земјите-членки, наведе еврокомесарот.

Според Филе, ако се видат поглавјата 23 и 24, како последните години со трансформацијата на процесот на проширување, земјите-членки сѐ повеќе имаат политичка контрола на процесот.

– Се отвораат условите и се затвораат со поглавјата 23 и 24. Ние го направивме овој процес пополитички и време е да се однесуваме политички – додава комесарот за проширување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top