
Првиот работен семинар за Даунов синдорм ќе се одржи на 13 и 14 декември, во Скопје, во хотелот „Порта“ на тема „Даунов синдорм, македонска приказна со свои предизвици“ во организација на Центарот за Даунов синдром. Семинарот е овозможен благодарение на средствата собрани на добротоворениот базар 2013 во организација на центарот Македонија „Добредојде“.
Целта на состанокот е востанувањето на состојбите и потребите на лицата со Даунов синдром. По добивањето целосна слика за условите и можносите кои сега им се нудат на лицата со Даунов синдром во Македонија, Центарот ќе изготви препораки за системско подобрување на условите и квалитетот на живеење на овие лица и нивните семејства.
На семинарот се очекува учество на Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, од педијатрија, Центарот за ментално здравје, Центар за рехабилитација на слух и говор, ќе се дискутира на тема „Што недостасува, како да го постигнеме посакуваното? Кое искуство ни е на помош?“
Потоа ќе се зборува за третманот на лицата со Даунов синдром и нивните специфики, ортопеди би говореле за подобрување на тонусот и физикалната терапија и на крај приусните на семинарот ќе говорот за најновите трендови во истражувањата и терапиите за Даунов синдорм, како и можноста за подобрување во дијагностиката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


