| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ се проба во музичките води

Српската тенисерка Ана Ивановиќ одлучи да направи кратка пауза од тениските терени и се упати во музичкото студио како би снимила песна за еден од нејзините спортски спонзори „Адидас“.

Тенисерката на нејзиниот Твитер профил објави фотографија од музичкото студио, а нејзините фанови ги праша дали знаат што прави.

Додека сите неуспешно се обидуваа да одговорат, нејзиниот колега Дерен Кејхил ја откри тајната.

Ана со Дерен и уште неколку нивни колеги снимија песна за спортската компанија „Адидас“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top