Италијанскиот тренер на Реал Мадрид Карло Анчелоти, изјави дека подобро би ги зајакнал другите позиции во неговиот тим, отколку да го доведе аргентинскиот фудбалер Лионел Меси.
– Кога би можел да го донесам било кој играч, со кого би го подобрил тимот, тоа не би бил Меси. Подобро би донел појачување на некоја друга позиција, бидејќи покрај Роналдо на кого му е потребен Меси – рече Карло Анчелоти.
– Тој е неверојатен играч. Бог му подарил посебен подарок, кој максимално го користи – додаде италијанскиот тренер.
Кристијано Роналдо го пропушти последниот натпревар против екипата на Ваљадолид поради полесна повреда, но би требало да биде спремен за Купот на кралот, доколку Анчелотиодлучи да го искористи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меси доби трет син: Добредојде Чиро!
-
Тотална спротивност од Лионел: Братот на Меси уапсен синоќа, нелегално поседувал оружје
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Смртта ги смири, а таа го сакаше и кога не беше славен – Како Меси заврши со сопругата Антонела


