| четврток, 6 декември 2018 |

Банско – во срцето на Пирин Планина: Мерак за скијачите, рај за романтичарите

Бан­ско – ма­ло грат­че, пре­пол­но со хо­те­ли, од­лич­но ме­сто за ски­ја­ње, за од­мор, ре­ла­кса­ци­ја… Тие на кои глав­на цел им е ски­ја­ње­то ве­лат де­ка ова е од­лич­но ме­сто, има го­лем из­бор на опре­ма за из­нај­му­ва­ње по при­фат­ли­ви це­ни, ин­стру­кто­ри за обу­ка и по­ве­ќе ски-ли­фто­ви. Не се жа­лат ни­ту тие што не се љу­би­те­ли на зим­ски­те спор­то­ви – од­лич­но ме­сто за пол­не­ње на ба­те­ри­и­те. Ре­чи­си си­те хо­те­ли има­ат спа-цен­три, џа­ку­зи, са­у­ни, ба­зе­ни – вна­треш­ни и над­во­реш­ни – со топ­ла во­да. Ба­зе­ни­те, са­у­ни­те, пар­ни­те ба­њи се бесп­лат­ни за ко­ри­сте­ње, а до­пол­ни­тел­ни­те ус­лу­ги ка­ко ма­са­жи и тур­ска ба­ња се нап­ла­ќа­ат. Мно­гу­ми­на ве­лат ме­рак за ски­ја­чи­те, рај за ро­ман­ти­ча­ри­те.

Ко­жуф му се за­ка­ну­ва на Бан­ско

meana bansko

Ма­ке­дон­ско­то зим­ско од­мо­ра­ли­ште Ко­жуф има ам­би­ции да го пре­зе­ме при­ма­тот на Бан­ско, кој ва­жи за фа­во­ри­зи­ран ски­јач­ки цен­тар на Бал­ка­нот, пи­шу­ва­ат бу­гар­ски­те ме­ди­у­ми. Ми­на­та­та го­ди­на, до­да­ва­ат тие, Ко­жуф го за­зел по­чес­но­то тре­то­то ме­сто по број на по­се­ти­те­ли, ко­га прв на ли­ста бе­ше Бан­ско со по­ве­ќе од по­ло­ви­на ми­ли­он по­се­ти­те­ли. По не­го е срп­ски Ко­па­о­ник.

– Оваа го­ди­на на­ши­те за­пад­ни со­се­ди ни се за­ка­ну­ва­ат де­ка ќе ни ја од­зе­мат ти­ту­ла­та – зим­ска пре­стол­ни­на на Бал­ка­нот. Ма­ке­дон­ци­те об­ја­ви­ја де­ка сѐ по­ве­ќе грч­ки и бу­гар­ски ту­ри­сти го по­се­ту­ва­ат овој цен­тар – пи­шу­ва­ат бу­гар­ски­те веб-сај­то­ви.

Ски­јач­ки­от цен­тар сме­стен во ср­це­то на пла­ни­на­та Пи­рин се на­о­ѓа на над­мор­ска ви­со­чи­на од 936 ме­три. Ски­јач­ка­та се­зо­на поч­ну­ва од по­че­то­кот на де­кем­ври и трае сѐ до сре­ди­на­та на април. Снеж­на­та по­кри­вка до­стиг­ну­ва до два ме­тра. Рас­по­ла­га со 17 ски­јач­ки па­те­ки, со вкуп­на дол­жи­на од 75 ки­ло­ме­три. Наjви­со­ка­та точ­ка на ски­јач­ки­от цен­тар е 2.560 ме­три, а наjни­ска­та – 1.000 ме­три. За ски­ја­чи­те се на рас­по­ла­га­ње гон­до­ла со осум се­ди­шта – трг­ну­ва од са­мо­то Бан­ско, 5 че­ти­ри­се­да, 7 ски-ли­фта, 10 ски-ли­фта за де­ца. По­сто­јат па­те­ки за по­чет­ни­ци и за про­фе­си­о­нал­ци. Нај­дол­га­та ски­јач­ка па­те­ка е 16 ки­ло­ме­три. Мо­тор­ни­те сан­ки се не­што што не сме­е­те да го про­пу­шти­те, осо­бе­но ако са­ка­те лу­до­рии кои го кре­ва­ат адре­на­ли­нот. Ин­те­рес­но е и лиз­га­ли­ште­то, кое ра­бо­ти од 18 ча­сот до 22 ча­сот.

Ова е ме­сто што се гра­ди во кон­ти­ну­и­тет, по­сто­ја­но ник­ну­ва­ат но­ви и мо­дер­ни хо­те­ли. Се ра­бо­ти за цен­тар прог­ла­сен за свет­ско при­род­но бо­гат­ство од УНЕ­СКО, ток­му по­ра­ди фа­ктот де­ка, и по­крај  мо­дер­ни­те хо­те­ли, се­пак, се за­па­зу­ва тра­ди­ци­о­нал­ни­от изг­лед на ста­ри­те бу­гар­ски се­ла. Хо­те­ли­те се вкло­пу­ва­ат во тра­ди­ци­о­нал­ни­те ку­ќи, цр­кви, ка­фе­а­ни, на­ци­о­нал­ни ре­сто­ра­ни, кал­др­ма. Во ма­ло­то пла­нин­ско грат­че се из­гра­де­ни сто­ти­ци и сто­ти­ци хо­те­ли, ин­ди­ви­ду­ал­ни­те ку­ќи ста­наа пан­си­о­ни, што обез­бе­ди вра­бо­ту­ва­ња не са­мо за ло­кал­ни­те жи­те­ли, ту­ку и за ил­јад­ни­ци лу­ѓе од око­ли­на­та, но и од со­сед­ни­те зем­ји.

Ал­бер­то Том­ба ќе го оз­на­чи по­че­то­кот на се­зо­на­та

Alberto TombaТри­крат­ни­от олим­пи­ски и дво­кра­тен свет­ски шам­пи­он во ски­ја­ње, Ал­бер­то Том­ба, ќе го оз­на­чи по­че­то­кот на ски­јач­ка­та се­зо­на во Бан­ско. Тој на 14 де­кем­ври ќе се спу­шти по нај­стрм­на­та па­те­ка ко­ја го но­си не­го­во­то име. Том­ба е ре­до­вен по­се­ти­тел на Бан­ско. Бу­гар­ски­те пор­та­ли по­со­чу­ва­ат де­ка тој ќе при­стиг­не во Бу­га­ри­ја не­кол­ку де­на пред не­го­ви­от ро­ден­ден – 19 де­кем­ври, ко­га ќе на­пол­ни 47 го­ди­ни. Освен Том­ба, на отво­ра­ње­то на се­зо­на­та се че­ка­ат уште че­ти­ри ве­ли­ка­ни во ски­ја­ње. Ќе при­сус­тву­ва­ат пе­ткрат­ни­от но­си­тел на Го­ле­ми­от кри­ста­лен гло­бус – Марк Жи­рар­де­ли. Друш­тво ќе му пра­ви нај­до­бри­от бу­гар­ски ски­јач на си­те вре­ми­ња Пе­тар По­пан­ге­лов, ка­ко и слав­ни­от Фран­цу­зин Лук. Го­ле­ми­от тим од ски­ја­чи го до­пол­ну­ва сло­ве­неч­ки­от спор­тист Ју­ре Ко­зир. Ка­ко и во прет­ход­ни­те го­ди­ни, пуб­ли­ка­та ќе има мож­ност да учес­тву­ва во тр­ка­та со ски­јач­ки­те ле­ген­ди во по­пу­лар­на­та „По­бе­ди ги шам­пи­о­ни­те“, а по­тоа ќе мо­же да би­де среќ­ни­кот што ќе ги про­нај­де клу­че­ви­те од но­ви­от авто­мо­бил кои се скри­е­ни во сне­гот. Се ра­бо­ти за по­пу­лар­но­то „Лов­ци на бо­гат­ства“. За за­ба­ва­та ќе се по­гри­жат свет­ски поз­на­ти ди­џеи.

На Ма­ке­дон­ци­те ова им е до­бро поз­на­то ме­сто. Ста­ти­сти­ка­та ве­ли де­ка за вре­ме на зи­ма­та око­лу 3.000 Ма­ке­дон­ци го по­се­ту­ва­ат Бан­ско, кој ва­жи за еден од по­но­ви­те ски­јач­ки цен­три во Бу­га­ри­ја. Атра­кти­вен е и во зи­ма и во ле­то, ка­ко и за се­кој про­дол­жен ви­кенд. До­каз за тоа е пос­лед­ни­от 11 Октом­ври ко­га пре­ку три­те гра­нич­ни пре­ми­ни око­лу 10.000 ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни за­ми­на­ле во Бу­га­ри­ја. Спо­ред не­ко­ја гру­ба ма­те­ма­ти­ка, се­кој од нив по­тро­шил по 50 евра, од­нос­но Ма­ке­дон­ци­те оста­ви­ле по­ве­ќе од по­ло­ви­на ми­ли­он евра са­мо за ја­де­ње и за пи­е­ње. То­гаш це­ни­те беа со­се­ма при­фат­ли­ви за нас – ка­фе­то од 60 до 90 де­на­ри, а це­ни­те на поз­на­ти­те мар­ки пи­ва од 90 до 120 де­на­ри.

 Бу­гар­ска хра­на, ма­ке­дон­ска му­зи­ка

Тра­ди­ци­о­нал­на­та куј­на е нај­за­ста­пе­на во ре­сто­ра­ни­те во Бан­ско. Бу­гар­ски ќе­бап, кол­ба­си, пин­џур, са­ла­ти… Мно­гу­ми­на го збо­ру­ва­ат „Кај де­до Јон­ка­та“, мај­стор за до­бро ме­со. Оние што не­о­дам­на го по­се­ти­ле овој ски­јач­ки цен­тар ве­лат де­ка не смее да се про­пу­шти ди­веч и птич­јо ме­со. Ру­чек за че­ти­ри ли­ца, во про­сек, чи­ни око­лу 2.000 де­на­ри.

Во ве­чер­ни­те ча­со­ви му­зи­ка­та е при­сут­на во си­те ре­сто­ра­ни. Че­сто се „глав­ни“ Ма­ке­дон­ци­те. Се сви­рат ма­ке­дон­ски пес­ни – Бу­га­ри­те ги пе­ат на бу­гар­ски, Ма­ке­дон­ци­те на ма­ке­дон­ски. Но, тоа ни­ко­му не му ре­чи.

Се­ка­ко, не се изо­ста­ве­ни ди­ско­те­ки­те и ноќ­ни­те клу­бо­ви, но на оние на кои им е дој­де­но до луд но­ќен жи­вот и за­ба­ву­ва­ње до ра­ни­те утрин­ски ча­со­ви, то­гаш Бан­ско е лош из­бор. Не­ма лу­ди за­ба­ви кои тра­ат до ра­ни­те утрин­ски ча­со­ви или тие се мно­гу ре­тки и по­крај тоа што има мно­гу  ди­ско­те­ки, клу­бо­ви, ка­зи­на, пи­ја­но-ба­ро­ви.

Па­те­ки и за про­фе­си­о­нал­ци и за ама­те­ри

bansko1Ски­јач­ки па­те­ки има на ви­си­на од 1.300 до 2.500 ме­три над­мор­ска ви­со­чи­на и ну­дат од­лич­но ски­ја­ње. Мо­дер­ни­те ски-ма­ши­ни га­ран­ти­ра­ат до­бра снеж­на по­кри­е­ност на па­те­ки­те и во слу­чај ко­га вре­мен­ски­те ус­ло­ви не се нак­ло­не­ти. Во те­кот на се­зо­на­та има го­ле­ма ко­ли­чи­на снег. Ски-ли­фто­ви­те има­ат ка­па­ци­тет за опс­лу­жу­ва­ње 2.000 лу­ѓе на час. Ски­јач­ки­те шко­ли не се на­ме­не­ти са­мо за лу­ѓе што се по­чет­ни­ци во ски­ја­ње­то, ту­ку и за ски­ја­чи­те што са­ка­ат да ги усо­вр­шат сво­и­те тех­ни­ки. Нај­го­лем дел од па­те­ки­те (45%) се за про­сеч­ни ски­ја­чи, по­чет­ни­ци­те има­ат на рас­по­ла­га­ње 30 про­цен­ти од па­те­ки­те, а на про­фе­си­о­нал­ци­те им при­па­ѓа­ат 25 про­цен­ти од па­те­ки­те. Дол­жи­на­та на па­те­ки­те е 70 ки­ло­ме­три, а за дис­цип­ли­на­та крос-кон­три има де­вет ки­ло­ме­три па­те­ки. Има од­лич­ни ус­ло­ви и за сно­у­борд, но и за би­ат­лон. На Бан­ско има и не­о­бе­ле­жа­ни па­те­ки, кои се за врв­ни­те ски­ја­чи, во дол­жи­на од 16 ки­ло­ме­три и поч­ну­ва­ат од нај­ви­со­ки­от врв, То­дор­ка, кој е нај­ви­со­ка­та точ­ка на ски–цен­та­рот. На па­те­ки­те ски­ја­ле Линд­зи Вон, Ања Пер­сон, Ма­риа Риш, Ке­трин Зе­тел, Ма­рио Мат, Аксе Свин­дал и дру­ги.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top