2,4 милиони евра ќе чини изградбата на новара фонтана прскалка на плоштадот „Македонија“. Како што соопштија од град Скопје, ќе ја гради компанијата „Трансмет“ која за време на втората електронска аукција даде најдобра цена и ја доби работата. Притоа првично предложените 2,9 милиони евра, се намалија за околу половина милион во текот на аукцијата.
Како што соопшти скопскиот градоначалник, задоволни се од понудата, а се очекува до мај идната година градежните работи да бидат завршени.
Фонтаната ќе има форма на коцка со страни од по 15 метри како и 128 прскалки кои ќе излегуваат од плочите на плошдотот. Поради тоа просторот помеѓу Камениот мост и „Воинот на коњ“ ќе биде прекопан, односно гранитните плочки ќе се извадат и ќе се заменат со нови погодни за фонтаната. Плочите од плоштадот пак кои ќе мора да се извадат, треба да бидат употребени за поплочување на плоштадот кај новата црква „Пресвета Богородица” во Центар, беше најавено пред еден месец од Град Скопје.Се најавува реуредување на целиот простор со клупи и нови светилки.
Проектот за изградба на фонтана и реконструкција на плоштадот,треба да се реализира со 2/3 финансиски средства од Владата на Република Македонија и 1/3 од буџетот на градот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


