Во првите 45 минути, фудбалерите на Фиорентина и на Верона во претпоследниот меч на колото во италијанската фудбалска лига, постигнаа дури 5 гола. До двете израмнувања дојде во само по една минута водство. Прво на домаќините во петата минута, а Верона израмни во шестата, додека голот за 1:2 на Верона во 13-тата минута, Фиорентина „го врати“ во 14-тата. За гол предност и резултат од 3:2 на полувреме домаќините чекаа до 43-тата минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


