Предлозите од опозицијата ги добивме денес, непосредно на состанокот. Од тој аспект неможам да се произнесам по сите предлози на опозицијата, туку можам да се произнесам само по предлозите кои што досега ги дискутиравме за време на денешната средба, посочи Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, по средбата меѓу претставници на Државната изборна комисија, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ОБСЕ за измените и дополнувањата на Изборниот законик.
-Првиот предлог на опозицијата е практично да се стопираат сите капитални инвестиции во државата за период од 3 до 4 месеци додека траат изборите и тоа може да предизвика сериозни штети во функционирањето на државата- Оцени Тодоров.
-По тој предлог ние земавме обврска да направиме детална анализа што ќе значи тоа за државата, што ќе значи за бруто домашниот производ, што ќе значи за вработеноста односно невработеноста, што ќе значи тоа за потрошувачката, компаниите и така натаму и дали со тоа ќе ја доведеме македонската економија на многу лоша состојба, особено во услови на криза кога капиталните инвестиции се еден од основните двигатели на економијата, што може да биде и уште поголем проблем. Од тој аспект земав обврска ова да го анализираме детално, да не одиме само со предлози кои што можеби решаваат еден помал проблем, но креираат еден огромен проблем не само за државата туку и за сите граѓани. Затоа предложив за еден или два дена да направиме детални пресметки и практично да го аргументираме нашиот став со бројки, за да не дозволиме да се нанесе ненадоместлива штета на државата.
Тодоров се осврна и на вториот предлог од опозицијата.
-Вториот предлог кој што веќе го дискутираме е предлог за фиксен износ на донација за правни лица. Во овој момент во законот е предвидено 5 % да биде донација за правно лице. Тука мислам дека треба да дискутираме во правец на тоа да се обезбеди правичност. Не гледам зашто е дискриминација ако некој да донира повеќе или помалку. Сепак сметам дека кој колку и да донира нема право да има влијание на политиката и затоа од тој апсект мислам дека за ова прашање можеме да дискутираме и ќе дискутираме. Јас излегов со контра предлог, евентуално за да разговараме за висината на процентот, доколку сметаат дека 5% за правни лица е висок износ, да одиме со извесно намалување на процентот.
Тодоров изрази надеж дека по сите предлози од опозицијата ќе има конструктивна дебата кој ќе резултира со изборен законик кој, како посочува „ нема да направи штета на државата, на економијата и кој нема да предизвика штета на граѓаните на Република Македонија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)