| четврток, 6 декември 2018 |

Колкав долг на Охрид создаде администрацијата на Петрески

aleksandar-petreskiПретседателот на СДСМ, Зоран Заев од Охрид побара Владата да го подмири долгот кој зад себе го остави општината во време на неговиот сопартиец Александар Петревски. СДСМ лицемерно бара друг да ги решава проблемите кои зад себе ги остави СДСМ, оцени ВМРО-ДПМНЕ. Според ВМРО-ДПМНЕ, Петревски и СДСМ ја претворија општина Охрид во рекордер по невработеност во Македонија, но и пошироко на Балканот.

Според проценките на локалната самоуправа само Општина Охрид должи 33 милиони евра. Во моментот се водат 428 судски спорови за неисплатени обврски во изминатите 8 години кон разни субјекти. Вкупниот долг на општина Охрид, заедно со општинските јавни претпријатија надминува над 50 милиони евра и според извори на Општината, дневно плаќа по 14 000 евра само по основ на дневни камати на долгот.

Дополнително општина Охрид Александар Петревски ја остави со блокирана сметка за цели 14 милиони евра кон повеќе доверители и за истите има правосилни судски решенија, кои чекаат за присилна наплата од извршители.

охридОгромни беа и долговите на јавните претпријатија под ингеренции на општината, што ги наследи новата локална власт. Само долгот на меѓуопштинското Јавно претпријатие Про-аква изнесуваше близу 9 милиони евра. Приближно 100 милиони денари беа обврските на Ј.П “Охридски Комуналец”, кој дополнително имаше хипотека на својот имот, со голема веројатност имотот да го преземат банките.  Ј.П “Градски гробишта” според анализите, се соочи со долг од околу 10 милиони денари и целосно деградиран систем на организација. Останатите Јавни претпријатија во најголем дел имаа блокирани сметки за милионски денарски обврски, кои го оптеретуваа нормалното работење.

Состојбата дополнително е комплицирана со затекната огромната превработеност и нерационалност на администрацијата. Општина Охрид има 5 пати повеќе администрација од европскиот просек и убедливо најголем број на локална администрација во Република Македонија. Општина Охрид брои 265 вработени, во најголем број со статус на државни службеници, голем дел од нив затекнати без работни задачи или пак незнаеле кои им се работните обврски. Дополнително, затекнати се уште 160 вработени со договори за дело, од кои преку половината со заобиколување на Агенција за вработување. За над 90 проценти од овие времени вработувања нема евиденција дека се појавиле на работните места или дека извршувале некакви работни задачи. Споредбено, вкупниот бројот на вработени во општинската администрација во 2005 година, при превземањето на функцијата на поранешниот Градоначалник од редовите на СДСМ, Александар Петрески, бил 52 лица.

Состојбите во Општина Охрид воопшто не се наивни. Веројатно новата администрација ќе има потреба од најмалку еден цел мандат само за да ги врати долговите на Александар Петрески и да ја доведе општинската каса во позитивна нула. Недомаќинското работење на претходната власт според информации од локалната самоуправа предизвика штети од несогледливи последици кои ќе влијаат цела една декада на развојот на општина Охрид. Тие велат дека Петревски за својот катастрофален мандат кој го остави зад себе не беше казнет од својата матична партија СДСМ, туку напротив му беше доделена и партиска функција во Централниот одбор на СДСМ. Со тоа според нив дале лош пример на нивните градоначалници дека и покрај лошата и неодговорна работа ќе бидат наградени со нови политички и партиски фунции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top