Во Македонија во третиот квартал од годинава имало 4.604 слободни работни места, од кои најмногу 1793 биле во преработувачката индустрија, 695 во трговијата и поправка на моторни возила и мотоцикли.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, стапката на слободните работни места изнесува 1,07 отсто.
Најниска стапка има во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,07 отсто.
Најмногу слободни работни места имало во скопскиот регион 1295, со 833 следува пелагонискиот и со 687 во источниот регион.
Слободни работни места имало најмногу во претпријатијата кои вработуваат меѓу 10 и 49 и меѓу 50 и 249 лица, каде што, според објавените податоци, имало по околу 1500 слободни работни места.
Според занимањата, најбарани биле работници во услужни дејности и продажба – 975, потоа се барале 934 ракувачи и составувачи на машини и постројки и 704 работни места за основни занимања.
Во овој кваратал бројот на пополнети работни места изнесува 425.988 работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.