| четврток, 6 декември 2018 |

За Наваро вреди да се прекине натпревар, Ла Бомба стигна до 1.000 тројки (видео)

Легендата на Барселона, Хуан Карлос Наваро забележи редок подвиг и на мечот против Сарагоса ја помина границата од илјада тројки во кариерата. За популарниот Ла Бомба вреди да се прекине натпревар, а токму тоа се случи накратко на вчерашниот меч, кој заврши со победа на Барса од 73-50.

Наваро не чекаше долго, па набрзина постигна уште една тројка и сега има 1.001 прецизен удар за 3 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top