Светскиот шампион во скокови во вода, Британецот Том Дејли, призна дека е хомосексуалец.
Деветнаесетгодишниот Том на интернет постави видеопорака посветена на неговите навивачи и им раскажа дека неговиот живот потполно му се сменил оваа пролет.
– Сакам да ставам точка на сите шпекулации околу мојот живот и отворено да ви признаам. Конечно, најдов некој покрај кого се чувствувам сигурно и среќно. А тој некој е… дечко. И понатаму ми се допаѓаат девојоки, но во овој момент имам дечко – рече Дејли.
Том првиот златен медал го освои на Светското првенство во 2009 година кога имаше 15 години. На Олимписките игри во Лондон во 2012 година го освои бронзениот медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


