
Според Светската фудбалска федерација ФИФА, Црвена Звезда не е светски шампион во 1991 година, иако го освои Интерконтиненталниот Куп во Токио. Црвена звезда со двајца Македонци во составот, Илија Најдовски и Дарко Панчев лесно го победи јужноамериканскиот шампион Коло-Коло со 3-0, со еден гол на Панчев и два на Владимир Југовиќ, кој беше прогласен за играч на финалето. Не стивнуваат реакциите по неразбирливата одлука на светската фудбалска централа.
– Бевме најдобри и точка. Некој во ФИФА сака да ја менува историјата, а тоа се глупости. Не ми е јасно како дошло до таква идеа, по толку години да ја менува историјата. Тоa е небулозно, затоа што секогаш клубовите од Европа и Јужна Америка решавале за трофеите. Црвена звезда за мене секогаш ќе биде светски шампион – изјави легендарниот Дејан Савичевиќ, фудбалер кој беше исклучен во тоа финале во декември 1991 година.
Нема официјална реакција од Црвена Звезда, но со сигурност некогашниот европски и светски првак ќе поднесе жалба ако оваа информација стане официјална.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


