| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија ја провоцираше и војуваше за ЈНА

Свеж пог­лед на на­ста­ни­те од 1991/1992 го­ди­на, осо­бе­но на пов­ле­ку­ва­ње­то на ЈНА и на евен­ту­ал­но­то зап­ле­ну­ва­ње на во­е­на­та еви­ден­ци­ја, ја откри­ва фар­са­та во Оа­за­та на ми­рот

Исто­ри­ја­та ја пи­шу­ва­ат по­бед­ни­ци­те, гла­си ста­ра­та рим­ска по­го­вор­ка, а ние би до­да­ле – а кој друг би ја пи­шу­вал. Ни­кој не е имун од фри­зи­ра­ње и од за­мач­ку­ва­ње на на­ста­ни­те на да­ден исто­ри­ски пер­и­од, па не е ни Ма­ке­до­ни­ја. Не­ко­гаш са­мо ма­ла ана­ли­за ја откри­ва фар­са­та, че­сто спро­тив­на на про­ста­та ло­ги­ка. Овој пат ќе фр­ли­ме пог­лед на фа­моз­но­то зап­ле­ну­ва­ње на во­е­на­та еви­ден­ци­ја на ЈНА во 1991 го­ди­на, со што би­ла спре­че­на мо­би­ли­за­ци­ја­та на во­е­ни­те об­врз­ни­ци во вој­ни­те во Хр­ват­ска и во Сло­ве­ни­ја, пов­ле­ку­ва­ње­то на ЈНА со­се це­ло­то оруж­је од те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја и евен­ту­ал­но­то на­пу­шта­ње без крв на СФРЈ, со што на­ша­та зем­ја, сре­де ју­гос­ло­вен­ски­от пе­кол, бе­ше опи­шу­ва­на ка­ко „Оа­за на ми­рот“. Ова е и де­нес, а нај­ве­ро­јат­но и утре ќе си оста­не офи­ци­јал­на­та исто­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја.

Зо­што е „зап­ле­не­та“ во­е­на­та еви­ден­ци­ја?

Во да­де­ни­от кон­текст, нај­ве­ро­јат­но, ова пра­ша­ње зву­чи чуд­но, но не и ко­га ќе се пог­лед­не до­ку­мен­тот од ста­ри­те бро­е­ви на „Служ­бе­ни вес­ник на СФРЈ“ од 1981 го­ди­на, до кој дој­де „Ре­пуб­ли­ка“. Но, за тие што не зна­ат: Во пр­ва­та по­ло­ви­на на 1991 го­ди­на др­жав­но­то ра­ко­водс­тво со­оп­шти де­ка Во­е­на­та по­ли­ци­ја на ЈНА пре­тре­су­ва ста­но­ви и ку­ќи низ др­жа­ва­та ба­рај­ќи ги Ма­ке­дон­ци­те де­зер­те­ри што од­би­ва­ат да слу­жат во ЈНА. Др­жа­ва­та то­гаш им со­ве­ту­ва­ше на мла­ди­те ре­гру­ти да бе­га­ат, да се кри­јат ка­ко што зна­ат и уме­ат. То­гаш во со­бра­ни­ски­те ку­ло­а­ри и во др­жав­ни­те ме­ди­у­ми се спо­ме­ну­ва­ше име­то на ге­не­ра­лот Ми­ле Ру­жи­нов­ски, Ма­ке­до­нец со нај­ви­сок чин во ЈНА и член на Ге­не­рал­шта­бот, ка­ко чо­век што ќе ги уап­си ма­ке­дон­ски­те функ­ци­о­не­ри. Иста­та го­ди­на во август, ка­ко што из­ве­сти­ја то­гаш­на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ и „Ве­чер“, ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја из­вр­ши­ла упад во кан­це­ла­ри­и­те на Ре­пуб­лич­ки­те се­кре­та­ри­ја­ти за на­род­на од­бра­на и ја зап­ле­ни­ла во­е­на­та еви­ден­ци­ја, со што, на­вод­но, се спре­чи­ла мо­би­ли­за­ци­ја на во­е­ни­те об­врз­ни­ци и ре­гру­та­ци­ја од Ма­ке­до­ни­ја. Тој ме­сец би­ле сов­ла­да­ни чу­ва­ри­те на во­е­ни­те скла­до­ви кај Виз­бе­го­во, од ка­де што би­ле зап­ле­не­ти му­ни­ци­ја и оруж­је. По­мал­ку е поз­на­та ак­ци­ја­та за спа­су­ва­ње на еден вој­ник Ма­ке­до­нец, кој бил стра­жар во ки­чев­ска­та ка­сар­на. На­вод­но, по­ли­цај­ци об­ле­че­ни во ци­вил го граб­на­ле и му рек­ле да дој­де со нив за да не го ис­пра­тат на бо­и­шта­та во Хр­ват­ска. Ге­не­ра­лот Ми­лутин Ку­ка­њац (исти­от што по­доц­на ќе ја поч­неа оп­са­да­та на Са­ра­е­во), ко­ман­дан­тот на Тре­та­та ар­ми­ска об­ласт на ЈНА (под чи­ја­што над­леж­ност би­ла Ма­ке­до­ни­ја) овие на­ста­ни ги оква­ли­фи­ку­вал са­мо ка­ко „ата­ка на ми­рот“.

DOSIE-04-Mkd-JNA-2

Генерал Милутин Кукањац, последниот командант
на ЈНА во Македонија

Кол­ку од овие фа­кти мал­ку др­жат во­да се гле­да од не­кол­ку до­ку­мен­ти (во­оп­што не се по­треб­ни исто­ри­ски све­дош­тва). Пр­ви­от до­ку­мент све­до­чи за тоа ка­ко е ор­га­ни­зи­ра­на во­е­на­та еви­ден­ци­ја на ЈНА. Ова е об­ја­ве­но во „Служ­бен вес­ник на СФРЈ“ од 30 де­кем­ври 1981 го­ди­на во де­лот под нас­лов „Пра­вил­ник за вр­ше­ње на во­е­на­та об­вр­ска“. За на­ша­ва те­ма би­тен е чле­нот 4 ка­де што по точ­ка 2 се ве­ли: „ко­ман­ди­те, шта­бо­ви­те, еди­ни­ци­те и уста­но­ви­те на во­о­ру­же­ние си­ли на СФРЈ за во­е­ни­те об­врз­ни­ци што се на­о­ѓа­ат кај нив на во­е­на служ­ба, ка­ко и за во­е­ни­те об­врз­ни­ци што има­ат во­е­на рас­по­ред кај нив рас­по­ла­га­ат со во­е­на­та еви­ден­ци­ја“. Со дру­ги збо­ро­ви, ова зна­чи де­ка зап­ле­на­та на во­е­на­та еви­ден­ци­ја од по­драч­ни­те еди­ни­ци на Се­кре­та­ри­ја­тот за на­род­на од­бра­на не зна­чи – ни­што.

ЈНА си има­ла сопс­тве­на во­е­на еви­ден­ци­ја по ко­ја мо­же­ла да вр­ши мо­би­ли­за­ци­ја на ма­ке­дон­ски во­е­ни об­врз­ни­ци.

И до­де­ка др­жав­но­то ра­ко­водс­тво за­гри­же­но гле­да­ше на суд­би­на­та на ма­ке­дон­ски­те во­е­ни об­врз­ни­ци во ЈНА и твр­де­ше де­ка во­е­на­та по­ли­ци­ја се под­го­тву­ва да ги уап­си, во то­гаш­на­та ма­ке­дон­ска јав­ност бе­ше иг­но­ри­ран фа­ктот де­ка пр­ва­та Вла­да на Ма­ке­до­ни­ја го има под свое це­ло МВР, кое, пак, 24 ча­са вни­ма­ва­ше на нив­на­та без­бед­ност. Од дру­га стра­на, Ма­ке­до­ни­ја пре­ку сво­јот прет­став­ник во Пре­тсе­да­телс­тво­то на СФРЈ гла­са­ше за од­лу­ка­та за це­ло­то оруж­је на то­гаш­на­та Те­ри­то­ри­јал­на од­бра­на на ре­пуб­ли­ки­те да би­де пре­не­се­но во ма­га­ци­ни­те на ЈНА.

DOSIE-04-Mkd-JNA-4

Це­ла АРМ во би­тка за Хр­ват­ска

Мо­же­би уште по­фар­си­чен по­да­ток за на­ста­ни­те од овој пер­и­од откри­ва хр­ват­ска­та до­мо­бран­ска (бра­ни­тел­ска) ор­га­ни­за­ци­ја, ко­ја по­ви­ку­вај­ќи се на по­да­то­ци од ар­хи­ви­те на ЈНА, твр­ди де­ка во ју­гос­ло­вен­ски­те вој­ни учес­тву­ва­ле вкуп­но 9.000 ма­ке­дон­ски вој­ни­ци. Ова бе­ше вкуп­на­та број­ка на со­ста­вот на АРМ до пред уки­ну­ва­ње­то на во­е­на­та об­вр­ска во 2005 го­ди­на, од­нос­но двој­но по­ве­ќе од се­гаш­ни­от со­став на АРМ, кој има 4.500 при­пад­ни­ци. Офи­ци­јал­но, од овие 9.000, во вој­ни­те во Хр­ват­ска, Сло­ве­ни­ја и во Бос­на за­ги­наа 42 ма­ке­дон­ски вој­ни­ци. Во оваа број­ка ги не­ма ра­не­ти­те, ка­ко и тие ма­ке­дон­ски вој­ни­ци што по­чи­наа од раз­ни бо­ле­сти по вра­ќа­ње­то до­ма ка­ко пос­ле­ди­ца на бор­би­те, осо­бе­но по­ра­ди раз­ни­те дро­ги што им беа ста­ва­ни во хра­на­та (ова по­себ­но се од­не­су­ва на вој­ни­ци­те што учес­тву­ва­ле во на­па­дот на Ву­ко­вар). Кол­ку за спо­ред­ба, Сло­ве­ни­ја за­гу­би шест вој­ни­ка во су­ди­рот со ЈНА.

DOSIE-04-Mkd-JNA-3

Механизираната бригада ја напушта Македонија

Кол­ку оруж­је пов­ле­че ЈНА

Од те­ри­то­ри­ја­та на Ма­ке­до­ни­ја ЈНА од­не­се: 350 бор­бе­ни во­зи­ла (тен­ко­ви, ок­лоп­ни транс­пор­те­ри и во­е­ни во­зи­ла на пе­ша­ди­ја­та), 400 пар­чи­ња ар­ти­ле­ри­ско оруж­је (то­по­ви и ха­у­би­ци), 35 во­е­ни и школ­ски ави­о­ни, пет хе­ли­коп­те­ри, 410 пар­чи­ња раз­лич­но про­ти­ва­ви­он­ско оруж­је, 284 ра­кет­ни си­сте­ми за ПВО и 1.692 ра­ке­ти, ра­да­ри­те од Би­то­ла, Фур­ка кај Ва­лан­до­во и од Го­лак кај Дел­че­во, 109.000 пар­чи­ња раз­лич­но пе­ша­ди­ско оруж­је (пу­шки, пу­шко­ми­тра­ле­зи, ми­тра­ле­зи, пи­што­ли, раз­ни фр­ла­чи, ми­но­фр­ла­чи и дру­го), три мо­тор­ни па­трол­ни чам­ци, 160 ин­же­нер­ски ма­ши­ни (ро­во­ко­па­чи, до­зе­ри и сл), 637 ми­но­по­ла­га­чи и ми­но­и­стра­жу­ва­чи, 113.000 кг експ­ло­зив, око­лу 450.000 раз­лич­ни про­тив­пе­ша­ди­ски ми­ни, 4.200 средс­тва за вр­ски (ра­ди­о­у­ре­ди, те­ле­фон­ски цен­тра­ли, во­зи­ла за вр­ски и дру­го), 223.000 средс­тва за АБ­ХО (за­штит­ни ма­ски, до­зи­ме­три, при­бор за де­кон­та­ми­на­ци­ја), 160.000 пар­чи­ња ин­тен­дант­ски средс­тва (пер­ал­ни­ци, ша­то­ри, уни­фор­ми, при­бор за ја­де­ње), 1.800 раз­лич­ни не­во­е­ни во­зи­ла, 1.424 пат­нич­ки, ин­тен­дант­ски и дру­ги мо­тор­ни во­зи­ла, 310.000 пар­чи­ња кон­зер­ви­ран оброк, ре­зер­ви­те на на­фте­ни де­ри­ва­ти, пре­хран­бе­ни ар­тик­ли, ле­ко­ви, му­ни­ци­ја, експ­ло­зив­ни и дру­ги убис­тве­ни средс­тва и дел од до­би­то­кот од фар­ми­те во Пе­тро­вец и во Кри­во­лак.

Кој не го са­ка­ше оруж­је­то на ЈНА?

Ко­неч­но, на кра­јот, на 21 фе­вру­а­ри 1992 го­ди­на во Скоп­је е склу­чен до­го­вор ме­ѓу пре­тсе­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров и за­ме­ни­кот на со­јуз­ни­от се­кре­тар за на­род­на од­бра­на на СФРЈ, Бла­го­ја Аџиќ, за дис­ло­ка­ци­ја на ЈНА од те­ри­то­ри­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. При­тоа е до­го­во­ре­но де­ка ЈНА ќе го пов­ле­че со се­бе се­то оруж­је, ама ќе ги оста­ви не­чеп­на­ти ка­сар­ни­те и гра­нич­ни­те ка­ра­у­ли. Ова бе­ше об­јас­не­то ка­ко за­лог за ми­рот од Ки­ро Гли­го­ров.

По­доц­на се по­ка­жа де­ка во ЈНА не го са­ка­ле оруж­је­то од Ма­ке­до­ни­ја, пред сѐ за­тоа што – не им би­ло по­треб­но. По­го­ле­ми­от дел од ова оруж­је по са­мо шест ме­се­ци би­ло уни­ште­но во око­ли­на­та на Ниш во Ср­би­ја. Во 1999 го­ди­на Бу­га­ри­ја ѝ по­да­ри 80 тен­ка од мо­де­лот „т-55“, кои по­доц­на беа уни­ште­ни, са­мо кол­ку да се спа­си од уни­шту­ва­ње­то на ова ста­ро оруж­је, про­цес што е мно­гу скап. Ка­сар­ни­те на ЈНА во Ма­ке­до­ни­ја, кои тре­ба­ше да би­дат оста­ве­ни не­чеп­на­ти на ма­ке­дон­ска­та по­ли­ци­ја, беа во очај­на со­стој­ба, со искор­на­ти каб­ли, искр­ше­ни ѕи­до­ви и со ру­и­ни­ра­на ин­ста­ла­ци­ја. Мал­ку е поз­на­то де­ка овие ка­сар­ни беа ми­ни­ра­ни, ток­му ка­ко пос­ле­ди­ца на спа­су­вач­ки­те ак­ции на при­пад­ни­ци на МВР. Спо­ред се­ќа­ва­ња­та на пр­ви­от на­чал­ник на АРМ, Ми­тре Ар­сов­ски, би­ла ми­ни­ра­на штип­ска­та ка­сар­на, но пен­зи­о­ни­ра­ни ге­не­ра­ли на ЈНА со кои раз­го­ва­ра­ме ве­лат де­ка та­ква би­ла си­ту­а­ци­ја­та и во стру­мич­ка­та и во ки­чев­ска­та ка­сар­на.

(Пишува: Александар Божиновски
Текст објавен во 4. број на неделникот „Република“, 28.09.2012)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top