| четврток, 6 декември 2018 |

Мицковски: Малициозниот Бучковски лаже и ја манипулира јавноста

Активистот на Социјал Демократскиот Сојуз, Ивор Мицковски, во својата колумна за Инфоплус вели дека е загрижен од сознанието до кој степен бил Бучковски подготвен да манипулира и да ја лаже јавноста.

Според Мицковски кој се смета за дел од пропагандниот тим на СДСМ „Бучковски е своевиден феномен на македонската политичка сцена“ при што ги коментира неговите изјави дека не е на чело но дека е се чувствувал инволвиран во формирањето на нов политички субјект!?

Мицковски тврди дека Бучковски „низ сите овие години се покажал како инволвиран во многу работи, најчесто во корумптивно-криминални афери каков што е случајот „Тенковски делови“ или аферата „Телеком“.

Тоа на  релативно младиот човек за каков се претставува активистот на СДСМ му дава за право да тврди дека Бучковски нема храброст јасно и гласно да каже дека е невин, и затоа го прави потоа и подложен на еден друг вид инволвираност во одбрана на власта.

За Мицковски најниската, најпроѕирната и најкатастрофалната теза искажана од Бучковски е ставот дека прво требало да се реформира опозицијата, за потоа да се сменела власта. Според него никој нормален во државава не треба да има поддршка за таква катастрофална мисла?

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top