| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: Прекрстувањето на Македонците ќе биде искра што ќе го запали регионот

Ам­ба­са­до­рот Ри­сто Ни­ков­ски е еден од нај­кон­тро­верз­ни­те ма­ке­дон­ски јав­ни лич­но­сти не по­ра­ди не­го­ви­те идеи и пред­ло­зи, кои од ас­пект на ме­ѓу­на­род­но­то пра­во и на ин­ди­ви­ду­ал­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва се мно­гу ло­гич­ни и ис­прав­ни, ту­ку по­ра­ди не­го­ви­те јав­ни из­ја­ви со кои про­мо­ви­ра „ан­ти­а­ме­ри­ка­ни­зам“

Во сво­ја­та но­ва кни­га „Уло­га­та на САД во ма­ке­дон­ска­та гол­го­та од 1991 го­ди­на до 2013 го­ди­на“ Ни­ков­ски, кој ка­ко ви­сок функ­ци­о­нер во ма­ке­дон­ско­то МНР бил ди­рект­но вклу­чен во про­це­сот на приз­на­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја во ОН, по­вр­зу­вај­ќи ни­за на­ста­ни и фа­кти го про­мо­ви­ра сво­јот став де­ка уло­га­та на Аме­ри­ка во на­ста­ни­те од не­за­вис­но­ста на зем­ја­та е пре­теж­но не­га­тив­на. Нас­про­ти огро­мен дел од кре­а­то­ри­те на јав­но­то мне­ние, кој ду­ри и да мис­ли ка­ко Ни­ков­ски мол­чи во обид да из­бег­не кон­фрон­та­ци­ја со „при­ја­те­ли­те пре­ку оке­а­нот“, по­ра­неш­ни­от ам­ба­са­дор на Ма­ке­до­ни­ја во Мос­ква сво­ја­та пр­вич­на пре­по­ра­ка за про­те­ру­ва­ње на Фи­лип Ри­кер ја пре­то­чи во збир на до­ку­мен­ти и фа­кти, кои све­до­чат за ед­но по­и­на­кво до­жи­ву­ва­ње на актив­но­ста на САД во Ма­ке­до­ни­ја.

Ва­ша­та но­ва кни­га „Уло­га­та на САД во ма­ке­дон­ски­те гол­го­ти (1991 – 2013)“ пре­диз­ви­ка го­лем ин­те­рес во јав­но­ста. Кој бе­ше по­во­дот да се на­пи­ше?
Никовски: Отка­ко ста­на са­мо­стој­на др­жа­ва, Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе пре­ку 20 го­ди­ни ми­ну­ва низ те­шки гол­го­ти. Врз неа се кр­шат мно­гу­број­ни ме­ѓу­на­род­ни нор­ми, прин­ци­пи, про­це­ду­ри, пра­кти­ка… та ду­ри и прав­ни рам­ки. По­ра­ди Ма­ке­до­ни­ја фла­грант­но се пре­кр­ши По­вел­ба­та (Уста­вот) на ООН; се иг­но­ри­ра пре­су­да на Ме­ѓу­на­род­ни­от суд за прав­да­та од Хаг; не ва­жат ко­пен­ха­шки­те кри­те­ри­у­ми; не се по­чи­ту­ва При­вре­ме­на­та спо­год­ба, до­го­вор ре­ги­стри­ран во ООН, што е не­што све­то за це­ли­от за­па­ден свет… По­крај тоа, со цел зем­ја­та да ко­ла­би­ра и да ка­пи­ту­ли­ра, ап­со­лут­но не­ле­гал­но, пре­ку две го­ди­ни беа бло­ки­ра­ни неј­зи­ни­те гра­ни­ци…

Ве­ќе пре­дол­го, Ма­ке­до­ни­ја се др­жи на ра­бот од дла­бо­ка безд­на, што мо­ра да нѐ за­гри­жу­ва. Не сме­е­ме да ја др­жи­ме гла­ва­та в пе­сок, без ог­лед кој е од дру­га­та стра­на на ба­ри­ка­да­та. Ако не ѝ пог­лед­не­ме на ви­сти­на­та в очи, не­ма­ме изг­ле­ди да оп­ста­не­ме, ту­ку по­сте­пе­но ќе про­па­ѓа­ме. Ќе се вр­ти­ме во ма­ѓеп­сан круг, без изг­ле­ди за ус­пех.

Та­ка не­ка­ко изг­ле­да се­гаш­на­та си­ту­а­ци­ја.

Пе­ри­о­дот по рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја и те­шко­ти­и­те во афир­ма­ци­ја­та на со­вре­ме­на­та и са­мо­стој­на ма­ке­дон­ска др­жа­ва е мал­ку истра­жу­ван до­се­га. Проб­ле­ми­те со кои се со­о­чу­ва­ме си­те овие го­ди­ни се огром­ни, во го­ле­ма ме­ра не­о­че­ку­ва­ни, глав­но ни се на­мет­на­ти и, што е нај­страш­но, не се на­ѕи­ра ре­ше­ние. Ка­де го гле­да­те из­ле­зот од ќор-со­ка­кот?
Никовски: Кни­га­та е обид за ана­ли­за на при­чи­ни­те што ја др­жат Ма­ке­до­ни­ја во за­лож­ниш­тво на ту­ѓи ин­те­ре­си. Ова е са­мо пр­ви­чен че­кор во таа на­со­ка и тре­ба да би­де про­во­ка­ци­ја, или пре­диз­вик, за под­ла­бо­ки и по­су­штин­ски сог­ле­ду­ва­ња на си­те фа­кти, при­чи­ни и пос­ле­ди­ци, кои ја до­ве­доа зем­ја­та во се­гаш­ни­от ќор-со­как. За таа цел се по­треб­ни мно­гу под­ла­бо­ки и по­се­оп­фат­ни истра­жу­ва­ња за да се сог­ле­да­ат си­те фи­не­си на раз­но­вид­на­та по­ли­ти­ка, ко­ја има (или има­ше) ди­рект­но вли­ја­ние врз зем­ја­та це­ли­от овој пер­и­од.

На­ив­но и не­од­го­вор­но е за сѐ да се об­ви­ну­ва Гр­ци­ја. Таа, се­ка­ко, има сво­ја уло­га во це­ли­от слу­чај, ама клу­чот не е во Ати­на. Та­му е ли­цен­ца­та за спо­рот, ама не и ме­наџ­мен­тот. Ре­ше­ни­е­то – нај­мал­ку. Ние ни­ко­гаш не­ма да се до­го­во­ри­ме со Гр­ци­ја за не­што при­фат­ли­во за Ма­ке­до­ни­ја.

Има мно­гу, се­ка­ко, на­мер­ни ма­ни­пу­ла­ции за да се зат­скрие ви­сти­на­та. Крај­но не­доз­во­ли­во е што и не­кои лу­ѓе во зем­ја­ва се во не­до­у­ми­ца што (ни) се слу­чу­ва. Или са­мо та­ка се пра­ват ама за­тоа се мно­гу глас­ни. Се­ка­ко де­ка има и та­кви што се ин­стру­и­ра­ни, ве­ро­јат­но и пла­те­ни од над­вор за да соз­да­ва­ат де­фе­ти­зам. А ако ве­ќе до­ма не сме рас­чи­сти­ле што е што, ка­ко мо­же­ме да го убе­ди­ме све­тот за су­шти­на­та на проб­ле­мот и за цел­та што тре­ба да се по­стиг­не?

Risto-Nikovski-2

Всуш­ност, што ни се слу­чу­ва? Да­ли е во пра­ша­ње са­мо име­то на др­жа­ва­та или не­што дру­го, мно­гу по­су­штин­ско? Да­ли, впро­чем, др­жат об­ви­ну­ва­ња­та до­ма де­ка са­ми­те сме ви­нов­ни за отво­ра­ње­то на иден­ти­тет­ски­те пра­ша­ња?
Никовски: За да се сфа­ти проб­ле­мот со на­ше­то име пр­во тре­ба да се рас­чи­стат две клуч­ни ра­бо­ти.

Пр­ва­та ра­бо­та е де­ка цел­та, од са­ми­от по­че­ток, е про­ме­на на иден­ти­те­тот на ма­ке­дон­ски­от на­род, а име­то на др­жа­ва­та е са­мо на­чин ка­ко тоа нај­лес­но да се по­стиг­не. Зар не­ко­му сѐ уште не му е јас­но де­ка Ати­на не при­фа­ќа по­сто­е­ње на Ма­ке­дон­ци над­вор од Гр­ци­ја? Де­ка тие не­ма да се сог­ла­сат со ни­ка­кво ре­ше­ние што не­ма да во­ди во пре­кр­сту­ва­ње на на­ши­от на­род? Тоа ве­ќе отво­ре­но го го­во­рат. Ве­лат (Па­пу­љас, Са­ма­рас…) де­ка не сме го узур­пи­ра­ле са­мо име­то на др­жа­ва­та, ту­ку и на на­ро­дот, ја­зи­кот… Што тре­ба да ни ка­жат по­ве­ќе? Ед­но­став­но, тие са­ка­ат мо­но­пол на брен­дот „Ма­ке­до­ни­ја“ а тоа, да би­де­ме на­чи­сто, не мо­же без при­да­вки­те „ма­ке­дон­ски/а/о“. Се­то тоа оди за­ед­но. Има ли не­што спор­но во се­то ова? Не­ма! А ако е та­ка, а та­ка е, то­гаш при­фа­ќа­ње на ка­кво би­ло име за ме­ѓу­на­род­но ко­ри­сте­ње зна­чи и отка­жу­ва­ње од сопс­тве­ни­от иден­ти­тет. Од тој миг, за све­тот „Ма­ке­дон­ци“ ќе би­дат тие што се из­мис­ле­ни од Гр­ци­ја.

Со дру­ги збо­ро­ви, се пра­ви сѐ за де­фи­ни­тив­но да се за­тво­ри та­ка­на­ре­че­но­то „ма­ке­дон­ско пра­ша­ње“, кое е по­втор­но отво­ре­но по 100 го­ди­ни. Тоа мо­же да зна­чи са­мо бри­ше­ње на Ма­ке­дон­ци­те. Ни­што дру­го.

Вто­ра­та ра­бо­та е де­ка, од са­ми­от по­че­ток, ме­на­џер на слу­ча­јот е – Ва­шин­гтон.

Без да се раз­бе­рат овие ос­но­ви на проб­ле­мот, те­шко мо­же да се оди на­пред.

Кои се фа­кти­те и ар­гу­мен­ти­те во при­лог на овие се­ри­оз­ни твр­де­ња?
Никовски: Еве, да се оби­де­ме да ги „до­ка­же­ме“ два­та глав­ни фун­да­мен­та.
Иа­ко Ма­ке­до­ни­ја, спо­ред Ба­ден­те­ро­ва­та ко­ми­си­ја, ги ис­пол­ни кри­те­ри­у­ми­те за приз­на­ва­ње од стра­на на ЕЗ (ЕУ), со си­ле­џи­ско ин­си­сти­ра­ње на Гер­ма­ни­ја (МНР, Ген­шер), бе­ше приз­на­та Хр­ват­ска (1992). Гр­ци­ја не­ма­ше уло­га во тоа.

При при­е­мот во ООН (1993), Со­ве­тот за без­бед­ност (СБ) на ООН ѝ го сус­пен­ди­ра устав­но­то име на зем­ја­та и ѝ на­мет­на ре­фе­рен­ца. Гр­ци­ја не бе­ше член­ка на СБ, а та­му гла­вен „играч“ се­ко­гаш беа – САД. Во 1993 го­ди­на тоа бе­ше осо­бе­но наг­ла­се­но би­деј­ќи Ру­си­ја бе­ше во аут по­ра­ди ха­о­сот во зем­ја­та. Ако САД ве­ќе и не беа глав­ни но­си­те­ли на обез­ли­чу­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја, тоа не мо­же­ше да по­ми­не без нив­на це­лос­на по­ткре­па. САД не мо­раа да ко­ри­стат ве­то, мо­жеа, ед­но­став­но, да го спре­чат тоа. Ако не го на­пра­ви­ја тоа, зна­чи де­ка им од­го­ва­ра­ше.

Впро­чем, про­це­ду­ра­та бе­ше и не­ле­гал­на: се иг­но­ри­ра­ше По­вел­ба­та на ООН, а тоа бе­ше мож­но са­мо под ди­ри­гент­ска пал­ка на – Ва­шин­гтон. Ни­кој друг не мо­же да го на­пра­ви тоа. Ни­ту си­те дру­ги член­ки на СБ – за­ед­но!

Во не­ле­гал­на­та про­це­ду­ра за при­ем бе­ше одре­де­но и по­сре­ду­ва­ње од стра­на на ООН. Прв по­сред­ник бе­ше Са­јрус Венс. Па­ра­лел­но, од 1994 го­ди­на до 1997 го­ди­на, во про­це­сот бе­ше вклу­чен и Ни­миц, ка­ко спе­ци­ја­лен пра­те­ник на пре­тсе­да­те­лот на САД, Бил Клин­тон! По­доц­на, тој го нас­ле­ди Венс. Очиг­лед­но на ин­си­сти­ра­ње на САД, по­сред­ни­ци­те беа – Аме­ри­кан­ци. Зо­што? Или, зо­што Клин­тон имал и свој ли­чен прет­став­ник во по­сре­ду­ва­ње­то? Од ка­де тол­кав ин­те­рес на САД за овој проб­лем? Слу­чај­но?

Пр­ви­те шест зем­ји на ЕЗ (ЕУ) ја приз­наа Ма­ке­до­ни­ја на 16 де­кем­ври 1993 го­ди­на и вед­наш вос­по­ста­ви­ја дип­ло­мат­ски од­но­си. На­бр­гу ис­пра­ти­ја и ам­ба­са­до­ри. САД ја приз­наа Ма­ке­до­ни­ја на 9 фе­вру­а­ри 1994 го­ди­на. Ре­чи­си две го­ди­ни по приз­на­ва­ње­то на Сло­ве­ни­ја, Хр­ват­ска и на БиХ. За вос­по­ста­ву­ва­ње дип­ло­мат­ски од­но­си им тре­баа уште це­ли 19 ме­се­ци. Тоа го на­пра­ви­ја на 13 сеп­тем­ври 1995 го­ди­на. Ам­ба­са­да во Скоп­је отво­ри­ја во фе­вру­а­ри 1996 го­ди­на, а ам­ба­са­дор ис­пра­ти­ја на кра­јот од ју­ли иста­та го­ди­на. Че­ти­ри го­ди­ни по За­греб, Љуб­ља­на и Са­ра­е­во. Зо­што тол­ку че­ка­ње?
Ако европ­ски­те ам­ба­са­до­ри (гер­ман­ски, бри­тан­ски, фран­цу­ски, ита­ли­јан­ски…) беа во Скоп­је од пр­ви­те ме­се­ци на 1994 го­ди­на, зо­што аме­ри­кан­ски­от че­ка­ше уште две и пол го­ди­ни за да дој­де? Ако е во пра­ша­ње со­ли­дар­ност со Гр­ци­ја, Евро­па е двој­но об­вр­за­на за тоа – и пре­ку НАТО, и пре­ку ЕУ (САД са­мо пре­ку НАТО) и, се­пак, ис­пра­ти ам­ба­са­до­ри. САД че­каа, че­каа… Зна­чи, кал­ку­ли­раа, кал­ку­ли­раа… Зо­што?
Ина­ку, во дип­ло­ма­ти­ја­та, приз­на­ва­ње­то на др­жа­ва­та и ис­пра­ќа­ње­то ам­ба­са­дор се ос­нов­ни по­ка­за­те­ли на трет­ма­нот на др­жа­ва­та и на по­ли­ти­ка­та кон неа.

Risto-Nikovski-3

Наг­ла­се­но­то за­ла­га­ње на пре­тсе­да­те­лот Џорџ Буш на са­ми­тот на НАТО во Бу­ку­решт (2008) Ма­ке­до­ни­ја да би­де при­ме­на за член­ка зву­чи кон­тра­ди­ктор­но на се­то ова. Ка­де е ви­сти­на­та?
Никовски: Са­мо пр­ви­от впе­ча­ток е кон­тра­ди­кто­рен. Факт е де­ка Буш јав­но и нес­пор­но се за­ло­жи и Ма­ке­до­ни­ја да ста­не член­ка. За жал, за по­мал­ку од 24 ча­са, бе­ше де­ман­ти­ран. Тоа, се­пак, не е зас­лу­га на Ати­на. Тој са­ка­ше и со Ма­ке­до­ни­ја да се за­о­кру­жи јуж­но­то кри­ло на НАТО, ка­ко не­гов ус­пех, ама не­го­ва­та ад­ми­ни­стра­ци­ја не сме­та­ше та­ка би­деј­ќи тој бе­ше на крај од ман­да­тот. Ако бе­ше на по­че­ток или, ба­рем, на сре­ди­на – Буш, нај­ве­ро­јат­но, ќе ус­пе­е­ше во сво­ја­та на­ме­ра.

Проб­ле­мот бе­ше во фа­ктот што, прет­ход­но, ана­ли­ти­ка­та во Ва­шин­гтон (точ­но!) прес­ме­та де­ка ако Ма­ке­до­ни­ја вле­зе во али­јан­са­та (и во ЕУ), ду­ри и со ре­фе­рен­ца­та, пре­кр­сту­ва­ње­то на на­ро­дот ќе ста­не не­воз­мож­но. И ние би би­ле вна­тре. Зак­лу­чо­кот бил – тоа мо­ра да се спре­чи по се­ко­ја це­на. Има до­ка­зи за тоа. Та­ка и бид­на. Буш си за­ми­на, ад­ми­ни­стра­ци­ја­та – оста­на.
Ме­ѓу­тоа, Бу­ку­решт е уште поз­на­ча­ен по це­лос­ни­от пре­сврт, кој та­му го до­жи­веа по­ли­ти­ка­та кон Ма­ке­до­ни­ја. Ме­сто членс­тво, што ѝ га­ран­ти­ра­ше При­вре­ме­на­та спо­год­ба, на зем­ја­та ѝ бе­ше по­ста­ве­на це­лос­на бло­ка­да, со уце­на и ул­ти­ма­тум – пр­во име­то, по­тоа членс­тво.

Гр­ци­ја има не­кол­ку на­чи­ни за да го спре­чу­ва членс­тво­то на Ма­ке­до­ни­ја во НАТО. Ама, ако не­кој ве­ру­ва де­ка то­тал­ни­от пре­сврт и но­ва­та, крај­но не­прин­ци­пи­ел­на по­ли­ти­ка на НАТО (сле­ден од ЕУ) кон Ма­ке­до­ни­ја е неј­зи­но де­ло, тоа мо­же да зна­чи или на­ив­ност, или кра­ен ама­те­ри­зам, или це­лос­но не­поз­на­ва­ње на ме­ха­низ­ми­те на ме­ѓу­на­род­на­та по­ли­ти­ка. Та­кви про­ме­ни во НАТО мо­жат да ре­а­ли­зи­ра­ат са­мо – САД. Ни­кој друг. Ати­на, нај­мал­ку.

Да се вра­ти­ме мал­ку на 2001 го­ди­на. Вие твр­ди­те де­ка и зад вој­на­та сто­е­ја аме­ри­кан­ски­те ин­те­ре­си?
Никовски: Си­те фа­кти и ар­гу­мен­ти во­дат кон та­ков зак­лу­чок. Тие се пре­зен­ти­ра­ни во кни­га­та. По рас­па­дот на Ју­гос­ла­ви­ја, за прв­пат во исто­ри­ја­та САД стап­наа на Бал­ка­нот и сво­ја­та уло­га ја гра­дат во ши­ро­ко парт­нерс­тво со Ал­бан­ци­те. Пре­дис­по­зи­ци­ја­та, ве­ро­јат­но, бе­ше за­ед­нич­ки­от ин­те­рес да се ур­не Ми­ло­ше­виќ. Ре­зул­тат е – не­за­вис­но Ко­со­во, по­стиг­нат со не­ле­гал­на во­е­на си­ла, што соз­да­де но­ва ге­о­по­ли­тич­ка си­ту­а­ци­ја во ре­ги­о­нот. Пр­ва жр­тва на аме­ри­кан­ски­те ин­те­ре­си на Бал­ка­нот бе­ше Ср­би­ја, а вто­ра е Ма­ке­до­ни­ја, чи­ја­што нај­но­ва гол­го­та сѐ уште трае.

Поз­на­то е де­ка пр­ви­те три ме­се­ци од вој­на­та, во 2001 го­ди­на, си­ли­те на ОНА днев­но до­а­ѓаа од Ко­со­во и се вра­ќаа на Ко­со­во пра­веј­ќи зу­лум во зем­ја­та. Па­ра­лел­но, шта­бот на ОНА бе­ше во При­зрен. Ако се знае де­ка то­гаш на Ко­со­во има­ше пре­ку 50.000 вој­ни­ци на НАТО, од кои нај­го­лем дел беа Аме­ри­кан­ци; ако е нес­пор­но де­ка та­му беа нај­ши­ро­ко и најд­ла­бо­ко рас­пос­ла­ни и ЦИА и си­те аме­ри­кан­ски тај­ни и по­лу­тај­ни без­бед­нос­ни служ­би – мож­но ли е ОНА та­му да се ор­га­ни­зи­ра, под­го­тву­ва и та­ка да опе­ри­ра, без нив­но зна­е­ње? Не­ма ни­ту те­о­рет­ски шан­си за та­кво не­што. Та не се Аме­ри­кан­ци­те тол­ку глу­па­ви и сле­пи! На­про­тив! А ако зна­е­ја и го то­ле­ри­раа тоа, не­ли зна­чи и де­ка, во нај­ма­ла ра­ка, и го под­др­жу­ваа?

Ако на тоа се до­да­де де­ка ОНА, ма­кар пр­вич­на­та, е соз­да­де­на од при­пад­ни­ци на Ко­сов­ски­от за­шти­тен кор­пус (ар­ми­ја), од ка­де дој­де и на­чал­ни­кот на ге­не­рал­шта­бот, Га­зим Остре­ни. Тој, иа­ко ве­ќе во ОНА, уште не­кое вре­ме при­мал пла­та од ООН!? Ка­ков по­го­лем до­каз тре­ба за ин­вол­ви­ра­но­ста на САД во вој­на­та? Да по­тсе­ти­ме и на уло­га­та на МПРИ во Скоп­је и во При­шти­на (по­точ­но во ОНА). А 17 Аме­ри­кан­ци од ре­до­ви­те на ОНА „ева­ку­и­ра­ни“ од Ара­чи­но­во?…

До­ка­зи­те се мно­гу­број­ни, ама се по­треб­ни уште мно­гу истра­жу­ва­ња за да се дој­де до си­те де­та­ли. Огро­мен број од стран­ски­те ана­ли­ти­ча­ри се сог­ла­су­ва­ат де­ка вој­на­та од 2001 го­ди­на е де­ло на САД.

Risto-Nikovski-4

Што по­на­та­му? Ако е точ­но де­ка САД го ме­на­џи­ра­ат про­це­сот, што тре­ба да пре­зе­ме Ма­ке­до­ни­ја? Да­ли да го пре­ки­не по­сред­ниш­тво­то на Ни­миц? Да­ли да оди во ООН и да ба­ра ис­пра­ва­ње на не­прав­да­та, пре­ку Ге­не­рал­но­то со­бра­ние (ГС)? Има ли, на кра­јот од кра­и­шта­та, изг­ле­ди за ус­пех?
Никовски: Не­ма ус­пеш­на те­ра­пи­ја без точ­на и пре­циз­на ди­јаг­но­за. Ние пр­во мо­ра­ме да ѝ пог­ле­да­ме на ви­сти­на­та в очи и ду­ри по­тоа да гра­ди­ме стра­те­ги­ја. Де­фи­ни­тив­но, клу­чот на проб­ле­мот не е во Ати­на ту­ку во Ва­шин­гтон. Ма­ке­до­ни­ја не­ма друг из­бор освен да ус­пее. Тоа не­ма да би­де ни­ту лес­но, ни­ту бр­зо. По­си­лен про­тив­ник од дру­га­та стра­на не е за­мис­лив. Слич­но бе­ше и во Ви­ет­нам, ка­де што има­ше по­ве­ќе од 650.000 врв­но­во­о­ру­же­ни аме­ри­кан­ски вој­ни­ци, спро­ти го­ло­рак, си­ро­мав на­род, ама прав­да­та по­бе­ди. Упор­но­ста и по­све­те­но­ста се­ко­гаш да­ва­ат ре­зул­та­ти. Та­ка мо­ра да би­де и во на­ши­ов слу­чај. За нас е иск­лу­чи­тел­но важ­но де­ка не мо­жат да ус­пе­ат во раз­не­би­ту­ва­ње­то на Ма­ке­дон­ци­те би­деј­ќи тоа ќе зна­чи но­ва кр­ва­ва вој­на. Од таа глед­на точ­ка, по­зи­тив­ни се ду­ри и ас­пи­ра­ци­и­те на Бу­га­ри­ја и на Гр­ци­ја кон Ма­ке­до­ни­ја би­деј­ќи и тие не­ма да доз­во­лат да ус­пее аме­ри­кан­ски­от план за ал­ба­ни­за­ци­ја на зем­ја­та.

По­сред­ниш­тво­то на Ни­миц не смее да се пре­ки­ну­ва би­деј­ќи тоа ќе ја де­вал­ви­ра на­ша­та по­зи­ци­ја. И по­кре­ну­ва­ње­то про­це­ду­ра во ГС на ООН не е ре­ал­на оп­ци­ја за вра­ќа­ње на устав­но­то име во свет­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја, иа­ко е тоа про­це­ду­рал­но мож­но. Во та­ков слу­чај, по­втор­но САД, а и не мо­ра тоа да би­дат тие, ќе го прог­ла­сат проб­ле­мот за без­бед­но­сен, што зна­чи де­ка ќе мо­ра да по­ми­не пре­ку СБ. Со еден та­ков по­тег, ние би се кон­фрон­ти­ра­ле со глав­ни­те член­ки на Со­ве­тот, а тие по­втор­но ќе тре­ба да ре­ша­ва­ат.

Со ог­лед на тоа де­ка по­сред­ниш­тво­то е ве­ќе еви­дент­но по­тро­ше­но и без изг­ле­ди за ус­пех, ние тре­ба офи­ци­јал­но да ба­ра­ме од ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на ООН пред­ме­тот да се вра­ти на СБ! Тре­ба да раз­ра­бо­ти­ме ар­гу­мен­ти­ра­на ела­бо­ра­ци­ја, што во­оп­што не е те­шко, де­ка грч­ки­те при­чи­ни за ос­по­ру­ва­ње на на­ше­то име од 1992/93 го­ди­на (Са­ма­рас), се по­ка­жаа ка­ко лаж­ни и не­из­др­жа­ни и де­ка, врз ос­но­ва на тие фа­кти, тре­ба да ни се вра­ти име­то за ко­му­ни­ка­ци­ја во ООН. Во исти­от па­кет, тре­ба да се из­ве­сти СБ де­ка Гр­ци­ја не ја по­чи­ту­ва пре­су­да­та од Хаг, ка­ко до­пол­ни­тел­на ди­мен­зи­ја во на­ша ко­рист. Ина­ку, по­крај оп­шта­та за­дол­же­ност на си­те член­ки на ООН да ги по­чи­ту­ва­ат пре­су­ди­те од Хаг, Ати­на се има и до­пол­ни­тел­но, пис­ме­но об­вр­за­но де­ка ќе го пра­ви тоа. Та­ка по­ста­пи­ле са­мо 60 член­ки.

Па­ра­лел­но, по нај­ве­ро­јат­ни­от не­ус­пех за до­би­ва­ње да­тум во де­кем­ври, Гр­ци­ја тре­ба по­втор­но да се да­де на су­дот во Хаг за спре­чу­ва­ње членс­тво во ЕУ. За НАТО ве­ќе има­ме пре­су­да, а но­ва­та по­втор­но ќе ја за­си­ли на­ша­та по­зи­ци­ја. Три, че­ти­ри го­ди­ни бр­гу ќе по­ми­нат и проб­ле­мот сѐ уште ќе би­де ту­ка, не­ре­шен. Од дру­га стра­на, но­ва­та ап­ли­ка­ци­ја во Хаг ќе ги мо­ти­ви­ра Ва­шин­гтон и Бри­сел да ба­ра­ат ит­но ре­ше­ние. Пр­ва­та пре­су­да е огро­мен то­вар за нив, иа­ко се упор­ни во неј­зи­но­то не­ги­ра­ње. Со не­по­чи­ту­ва­ње­то на Су­дот, тие се ста­ви­ја над­вор од ме­ѓу­на­род­ни­от пра­вен по­ре­док. Исто ка­ко и те­ро­ри­сти­те!

Ма­ке­до­ни­ја ќе ус­пее ама мо­ра­ме да из­др­жи­ме. И без НАТО, и без ЕУ, зем­ја­та мо­же ус­пеш­но да се раз­ви­ва уште 100 го­ди­ни. Во спро­тив­но, ако се раз­не­би­тат Ма­ке­дон­ци­те, ако ги сне­ма од свет­ска­та сце­на со пре­кр­сту­ва­ње, оваа др­жа­ва ве­ќе не е по­треб­на. Тоа ќе би­де искра­та што ќе го за­па­ли ре­ги­о­нот.

Разговараше: Горан Момироски
Фото: Игор Ангеловскики
(Интервјуто со Ристо Никовски е објавено во 62. број на неделникот Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top