| четврток, 6 декември 2018 |

Никовски: Софија тврди дека нема Македонци, дека нема македонски јазик и сакаат да потшиме договор со кој експлицитно ќе го прифатиме тоа

Поранешниот амбасадор Ристо Никовски во гостувањето во емисијата Аргументи на ТВ Нова говореше за договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија и за негаторскиот однос на соседите кон Македонија. Тој истакна дека официјална Софија тврди дека не постои македонски јазик и народ, а од друга страна бараат да потпишеме договор со кој експлицитно би ја прфиатиле таа бугарската теза.

За Никовски евидентно е дека Бугарија има скриени намери со овој договор и сака да докаже дека нема македонци, дека нема македонски јазик. ,,Со таков партнер не се прави куќа затоа што ќе ве излаже’’додаде тој. За екс Амбасадорот формулацијата македонскиот јазик според Уставот на Република Македонија е девалвирање, непочитување и нерпизнавање на македонскиот јазик.

Со декларацијата од 1998 ништо не се докажува од друга страта со договор ратификуван во двата парламента тој ќе биде над домашното законодавство и ќе се депонира во обединетите нации истакна Никовски. Тој веќе е позначаен од домашното законодавство и кога ќе потпишете таков договор тоа значи дека меѓу тие две држави веќе нема отворени прашања и прашања се затворени. Со тој договор Бугарија ќе покаже дека македонците прифатиле дека нема македонци нема македонски јазик додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top