За нас името значи се… Името на државата не дошло од регионот, дошло од македонскиот народ. Македонскиот народ го дал името на државата. Тоа не се работи кои се за дискутирање, рече вчера поранешниот амбасадорот Ристо Никовски кој заедно со амбасадорот Мухамед Халили гостуваше во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
– Да останеме и во следните илјада години со нашето име Македонија, Грците нема ништо да изгубат. Ништо. Ние немаме никакви амбиции да ја освојуваме Грција со четири хеликоптери, вели иронично Никовски.
Во размената на мислења околу темата „Дали Нимиц ни ја крши кичмата…“ соговорниците имаа различно мислење околу тоа дали може да биде постигнато заемно прифатливо решение за спорот со Атина околу името на Македонија и дали за тоа треба да се изјасни и јавноста на референдум.
Никовски смета дека „кога сме свесни дека не се работи за името на државата туку за идентитетот, не е можен компромис“.
– Референдумот во Европа е глас на народот и така би требало да биде, меѓутоа договорите ги склучуваат партиите. Политичките сили кои ја водат државата ги склучуваат договорите, изјави амбасадорот Халили кој во еден момент го запраша Никовски, кој смета дека „Македонија не е само име“, дали би се согласил со име Централнобалканска Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
Никовски: Софија тврди дека нема Македонци, дека нема македонски јазик и сакаат да потшиме договор со кој експлицитно ќе го прифатиме тоа
-
Никовски: Никој нема да направи историска грешка да прифати прекрстување на земјата и народот
-
Шансите Македонија да влезе во НАТО и ЕУ под привремената референца се никакви