
Разбојник викендов украл околу 400.000 денари од стан на булевар „АВНОЈ“ во Скопје, соопшти МВР.
Според нивните информации, крадецот вечерта во саботата насилно ја отворил балконската врата на станот и украл 25.000 шведски круни, 3.000 евра, 7.000 денари и златен накит.
Украденото се проценува на вкупна вредност од 400.000 денари. Полицијата трага по крадецот кој го ограбил станот во сопственост на педесет и шестгодишната скопјанка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


