| четврток, 6 декември 2018 |

Апсења во Словенија поради афера во НЛБ

Словенечката полиција уапси двајца осомничени за малверзации со кредити во рамките на истрагата во Нова Љубљанска Банка. Уапсените се сомничат дека учествувале во давање спорни кредити.

Во акцијата на полицијата извршени се неколку претреси во приватни куќи и во подружница на НЛБ поради спорно работење. Полицијата соопшти дека станува збор за прва фаза од истрагата во која има соработка со странски безбедносни органи.

Според словенечкиот весник Finance, уапсен е Душан Шуштар, поранешен директор на подржуница на НЛБ од горењскиот регион. Тој се сомничи дека му одобрил кредит на поранешниот сопственик на фабриката Звезда од Крањ Душан Доламич. Утврдено било дека кредитот бил даден на основа на проценка на вредноста на недвижнината поради што НЛБ била оштетена за 3 милиони евра. Против поранешниот сопственик на Звезда се водат неколку кривични постапки поради тоа што на фабриката и причинил штета од неколку милиони евра поради што била доведена до стечај.
 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top