Генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен, и еврокомесарот на проширување, Штефан Филе, апелираа до сите граѓани на Украина да се воздржат од насилство и несогласувањата да се решат на мирен начин.
– Ги повикувам сите страни да се воздржат од насилство и употреба на сила бидејќи тоа не е начин за решавање на политичките разлики во демократско општество, истакна Расмусен додавајќи дека сите луѓе имаат право на демократски начин да го изразат своето мислење.
Тој во соопштението, исто така, побара од Украинците да се однесуваат во согласност со уставните и демократските норми, а официјален Киев целосно да се придржува до своите меѓународни обрски кога станува збор за почитување на слободата на изразување и собирање.
Претходно Филе на својот профил на „Твитер“ напиша дека несогласувањата во Украина мора да бидат решени на мирен начин барајќи итен дијалог.
Според специјалниот пратеник на Европскиот парламент за Украина, Александар Квашњевски, најлошата варијанта за земјата моментно би била вооружена акција на безбедносните сили, во која би се пролеала крв.
Тој додаде дека има информации, според кои, властите во Киев сериозно размислуваат за воведување вонредна состојба.
Вчера вечер за време на протестите се судрија демонстрантите и полицијата. Повеќе од 100.000 луѓе вчера протестираа во Киев, и покрај забраната за собири, несогласувајќи се со одбивањето за потпишување договор за асоцијација на Украина со ЕУ, а опозициските лидери побараа оставка на премиерот и шефот на државата повикувајќи ги граѓаните на генерален штрајк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО