| четврток, 6 декември 2018 |

И на серијата на Барселона и дојде крај, Атлетик Билбао го урна шампионот по 15 кола (видео)

И на серијата на Барселона од 14 меча без пораз во шпанското првенство и дојде крај, а „виновници“ се играчите на Атлетик од Билбао. На новиот „Сан Мамеш“, со голот на Муниаин во 70. минута, Баскијците го победија шампионот на Шпанија.

Отсуството на Лионел Меси се почуствува во играта на Барселона, а разочара Нејмар. Бразилското екстра-засилување на каталонскиот гигант промаши неколку зицери, по што поразот беше неминовен.


Goal Muniain – Athletic Bilbao 1-0 Barcelona… by Sport-Today-2014

Претходно Валенсија ја совлада Осасуна со 3-0 (хет-трик постигна Жонас), Севилја со 2-1 ја надигра Гранада, а Бетис и Рајо Валјекано ремизираа, 2-2.

Барселона и Атлетико Мадрид се лидери со по 40 бода, пред Реал Мадрид со 37, а Атлетик Билбао ја задржа четвртата позиција со 29 бода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top