| четврток, 6 декември 2018 |

Светско а наше – Елена Трајановска топ модел кој се вивна високо во светската мода

Нејзина најголема доблест е скромноста, таа е едноставна а сепак многу уникатна, пишува порталот „Фашонел“. Македонскиот топ модел Елена Трајановска е име веќе препознатливо во светската модна индустрија, додека на наши простори, оние упатените знаат да кажат дека е светско а наше. Има само 17 години, за недела дена ќе стане полнолетна, а постигнала многу во својата манекенска кариера. Почетоците на Елена  се во модната агенција „Моделс Ин“, која се уште и е матична куќа, за потоа познатиот ловец на манекенки, Србинката Јелена Ивановиќ, токму од  агенцијата на Алек Наумовски и Надица Ѓерогиева направи поврзаност меѓу нив и   модна агенција „Woman“ во Милано. Таму Елена  станува миленичка на дизајнерите, за потоа се почесто да добива ангажмани и во Париз. Била и на насловната страна на италијанското издание на престижниот „Вог“, а последно ја гледавме на Париската недела за висока мода, каде настапи на ревијата на дизајнерот Оскар Каравало.

elenaWOMENman

Водена по својот сон да стане успешна манекенка, Елена постојано го полни своето портфолио со многу успешни проекти со потпис на светски модни имиња. Периодов, таа е во родното Скопје, учи да стане возач и да добие дозвола, а ги средува и обврските околу училиштето. Во месец јануари заминува за Париз, потоа за Њујорк, каде ја чекаат многу кастинзи за тековните модни недели.

Фото:„Фашонел“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top