| четврток, 6 декември 2018 |

Марија Шерифовиќ: Сакам да станам мајка!

Поп-пејачката Марија Шерифовиќ повторно успеа да предизвика медиумско внимание со гостувањето во емисијата „Вечер со Иван Ивановиќ“. Публиката во студиото постојано се смееше на шегите, а потоа Марија раскажа дека во животот сè прави плански и дека смислила да се реализира како мајка:

-Таткото ќе го најдам во банка, некој Шпанец, тетовиран и убав, рече Марија, а Иван се уфрли со прашањето дали мора да е Шпанец бидејќи и тој со задоволство би ѝ помогнал во правењето на детето. Марија слатко се насмеа и му одговори:

-Па дали можеш да замислиш каков пикавец би било нашето дете?, пејачката го праша водителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top