| четврток, 6 декември 2018 |

Охрид подготвува спектакуларен дочек на 2014!

Општината Охрид се подготвува за спектакуларна прослава за Новата година. Како што пренесува Канал 5, целта е градот да биде преполн со туристи се до Водици.

Градоначалникот Никола Бакрачески побарал и бизнис секторот  да се вклучи  во организацијата на новогодишните празници.

– Да напрaвиме еден збир на активности во текот на новогодишните празници и празникот Богојавление  со кои што ќе ја обогатиме понудата на гостите и туристите, кои имаат намера да присуствуваат во Охрид и на некој начин да допринесеме за проширување на туристичката понуда во Охрид – изјавил Бакрачески.

Засега, градоначалникот не открива ниту што се подготува, ниту кои музички ѕвезди ќе ги забавуваат посетителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top