| четврток, 6 декември 2018 |

Пукање пред дискотека на плоштадот во Скопје, еден повреден

Фото: Бриф

Фото: Бриф

Пукање пред скопскиот локал „Супер Клуб“. Две групи на момчиња на возраст меѓу 18 и 25 години ноќеска прво започнале тепачка пред  дискотеката, а по кратко време, според очевидци, едно од момчињата извадило пиштол и испукал куршум со што го ранил својот соперник.

На местото на настанот десетина минути по пукањето пристигнале екипи на скопската полиција, извршиле увид и земале изјави на очевидци на инцидентот.

Сепак официјални информации за пукотниците и за се што точно се случувало во центарот на Скопје, ќе бидат познати подоцна во текот на денот, откога МВР ќе излезе со официјално соопштение за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top