| четврток, 6 декември 2018 |

На Вилјаш Боаш му се тресе столчето во Тотенхем, Капело ќе го наследи?

Менаџерот на Тотенхем, Андре Вилјаш Боаш, ја губи довербата кај раководството на тимот од Северен Лондон, особено по дебаклот од Манчестер сити (0-6), а англиските медиуми веќе шпекулираат дека ќе го замени актуелниот селектор на Англија Фабио Капело.

Спас за Вилјаш Боаш би била победа над Манчестер јунајтед, денеска во дербито на 13. коло во Премиерлигата. дебаклот од Сити минатиот викенд ја прели чашата кај моќниот претседател на Спарс, Даниел Леви, кој потроши 110 милиони фунти за летните засилувања. Поголемиот дел од нив не се снајдоа во дресот на Тотенхем и играат бледо под команда на сегашниот тренер Вилјаш Боаш.

Зрак на надеж за португалскиот стретег е што се подсмирија страстите и вулканот во Тотенхем со победата над Тромсо во Европа Лигата на УЕФА во четвртокот. Нов триумф над Манчестер јунајтед, денеска, веројатно би значел негово останување како главен кормилар на лондончани, а пораз речиси сигурно ќе значи збогување со сегашниот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top