59 отсто од анкетираните граѓани ја поддржа иницијативата „Во име на семесјтвото“ и се изјаснија дека на утрешниот референдум ќе гласаат со „за“.
Според анкетата, 31% од граѓаните ќе гласаат против тоа бракот да се стави во Уставот на земјата како „заедница помеѓу мажи и жена“. 10 отсто од анкетираните граѓани одбиле да се изјаснат.
Овој референдум ја подели Хрватска. Во неколку наврати имаше и мали инциденти во кафулињата кои решија да ја поддржат иницијативата и делеа летоци со апелите на „Во име на семејството“.
Повеќето хрватски познати личности, пак, меѓу кои најгласна беше Северина, на сите јавни настапи ја користеа приликата да го кажат својот став.
Хрватските граѓани утре, 1 декември, преку референдум ќе се изјасната дали сакаат во нивниот Устав бракот да биде дефиниран како „заедница помеѓу маж и жена“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


