Тренерот на Барселона, Чави Паскал, ги предупреди своите ракометари дека Вардар е опасен противник и повика да нема потценување и опуштање во редовите на каталонскиот гигант.
„Вардар е единствен тим што сезонава не го победивме и на лице место во Скопје се уверивме дека се мошне незгоден противник. Нам ни е важно да забележиме победа, но нема да биде лесно“, изјави Паскал.
Барселона ги победи сите 5 противници во Ц групата, освен Вардар. Во пеколна атмосфера во Скопје, двете екипи одиграа нерешено 29-29, што беше прв меч на Барса со помалку од 30 постигнати голови. Во последниот напад Вардар дури можеше и да го победи најтрофејниот ракометен клуб на планетата.
Денешниот меч се игра во „Блауграна“ во Барселона од 16,15 часот со директен пренос на АЛФА ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


