| четврток, 6 декември 2018 |

Побегнал од затвор за да отиде на забар

Еден затвореник кого почнало да го боли забот избегал од затвор во Шведска како би отишол на забар. Штом го поправил забот, веднаш се предал на полицијата.

Затвореникот побегнал од затвор со низок степен на безбедност во градот Естрегард, на почетокот на ноември, само два дена пред да биде пуштен на слобода.

Како што пренесуваат медиумите, 51-годишниот маж чие име не е наведено, им се жалел на чуварите дека го боли забот четири дена пред да биде пуштен.

– Целото лице ми потече. На крајот веќе неможев да ја издржам болката – ова го кажа сега поранешниот затвореник.

И покрај тоа што имал електронски каиш на ногата, полицијата не успеала да го лоцира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top