Според неофицијални извори, во вечерашната пукотница во скопската населба Ченто се повредени две лица, а третото, според неофицијални информaции, им подлегнало на повредите.
Според граѓани што живеат во оваа населба, малку по 17 часот од правец на местото на инцидентот се слушаналa рафална стрелба.
Само неколку минути подоцна таму пристигнале десетина полициски возила, кои целосно го запреле сообраќајот од населбата Ченто до селото Арачиново.
Засега не се познати мотивите за нападот.
Инцидентот се случил откако засега непознат број напаѓачи влегле во угостителски објект и почнале да пукаат кон група гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.