| четврток, 6 декември 2018 |

18 лица се киднапирани и убиени во Ирак

Телата на 18 лица, кои беа киднапирани од лица облечени во униформи на ирачката армија, се пронајдени денеска во Тармија.

На телата имало повреди од огнено оружје и тоа во пределот на главата и на градите, а се пронајдени во напуштен земјоделски регион, во близина на Тармија, северно од Багдад.

Меѓу жртвите има двајца племенски лидери, четворица полицајци и воен командант.

Киднаперите, кои се движеле со автомобили со ознаки на армијата, им појасниле на семејствата на жртвите дека ќе бидат одведени на сослушување во врска со различни истраги, изјавија преставници на силите за безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top