Иако е тешко за верување, но младиот тим на Ајакс успеа да го фрли на колена гигантот Барселона и да му одржи фудбалска лекција.
Карлес Пујол призна дека поразот од Ајакс внесол немир во соблекувалната бидејќи Барселона не се чувствува веќе недопирливо.
– Ако сакаме да победуваме во Европа, не смееме да играме вака. Идејата е да ја држиме топката во нозе, но тоа не е доволно. Вакви работи се случуваат кога пред себе имаш противник кој во секој момент ти дише во вратот, знае да игра, а во натпреварот влегува поагресивно од тебе. Ако во тој момент не се спротивставиш на ваков ривал, ќе те згази – рече Пујол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.