| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски, ајде тужи ако си сигурен

Zernovski-10 (2)

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика градоначалникот Андреј Жерновски да не се крие зад прес-конференции, институции, обвинителство или пратеници, туку тој лично, како градоначалник, да поднесе кривични пријави против оние за кои смета дека наводно учествувале во постапки спротивни на законот, а во врска со реализација на проектот „Скопје 2014“.

–  Жерновски нема простор каде да бега и каде да се повлекува. Тој, заедно со неговите пријатели од СДСМ, пет години единствено што правеа е паушален и неаргументиран напад против проектот „Скопје 2014“. Лиферуваа и тресеа на празно бројки од 2 милјарди, преку 500 милиони, 200 милиони, па на крај дојдоа до 8 милиони евра за кои тие се сомневаат дека било постапени спротивно на закон. Пет години неосновано лажеа и напаѓаа многу луѓе вклучени во овој проект. Сега е време да се докаже вистината. Ако веруваат на тоа што го зборуваат повеќе нема причина зошто да одложуваат. Треба сами, лично, да ја преземат одговорноста и да поднесат кривични пријави против оние за кои сметаат дека не ги почитувале законите. Пред сѐ Жерновски како градоначалник ја има таа политичка и законска обврска, но и Заев и Шекеринска, кои се негови поддржувачи и не запираат да манипулираат на оваа тема – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е убедена дека постапките водени во Општина Центар, а во врска со реализацијата на проектот „Скопје 2014“ се законски и транспарентни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top