| четврток, 6 декември 2018 |

Апсење во Кочани – фалсификатори на бугарски документи

lisice-hapsenje-1331803344-136476Македонската полиција утринава спроведува акција за разбивање меѓународна криминална група што изработувала бугарски пасоши, лични карти и патни исправи. „Прес 24“ објави дека во Кочани се приведени две лица, две се надвор од земјата, по еден сѐ уште се трага, а еден веќе издржува затворска казна. Според неофицијални информации, групата соработувала со лица во Бугарија каде што, наводно, патувале поради студии.

Официјални информации од МВР се очекуваат во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top