Српскиот фудбалер Александар Коларов смета дека неговиот Манчестер сити би можел да го победи Баерн Минхен во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Сити има три бода помалку од Баварците, па така ова ќе биде директен судир во борбата за првото место. Во првиот меч во Англија, Германците славеа со 3-1.
– Ќе се обидеме да го победиме Баерн и да го освоиме првото место во групата, но задоволни сме и со второто место. Ќе видиме што ќе биде во Минхен. Имаме големи шанси да избегнеме тешки противници од осминафиналето – рече Коларов.
Натпреварот Баерн Минхен – Манчестер сити ќе се одигра за две недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.