Некогаш на денешен ден бевме пионери – со црвени марами и пионерски капи – титовки. 29 ноември беше денот на Републиката. Еден од најголемите празници во тогашна Југославија. Го славевме денот кога се оддржа Второто заседание на АВНОЈ во Јајце, Босна и Херцеговина, на којшто во Втората светска војна се удрени темелите на новата социјалистичка Југославија. Денеска се одбележуваат 70 години од тој настан.
Овој датум влезе во историјата откако на заседанието на АВНОЈ е донесена одлука за федерално уредување на Југославија, а на кралската влада ѝ било забрането да се врати во земјата. АВНОЈ тогаш е прогласен за врховно законодавно и извршно државно тело, коешто донело историска одлука за уредувањето на Југославија. По завршување на војната, од 1945 година, 29 ноември се славел како ден на Републиката и бил еден од најголемите празници во некогашна Југославија.
Македонија одамна не го слави овој празник. Веднаш по независноста. Последен пат овој празник во Србија бил одбележан во 2001 година.
Иако официјално не се празнува, на социјалните мрежи денеска главна тема е токму 29 Ноември. Главен хит е „Дан републике“ од „Забрањено пушење“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.