| четврток, 6 декември 2018 |

Мадона во нималку блескаво издание

Мадона на почетокот на годинава одлучи дека дојде време да се приклучи на социјалните мрежи, а за непосредна комуникација со фановите го избра „Инстаграм“.

Од друга страна, нејзиниот 13-годишен син Роко многу често снима кратки филмови за мобилната апликација „Vine“, а понекогаш во нив се појавува и неговата славна мајка, и тоа во не претерано блескаво издание, без шминка и загледана во камерата – пушува Гавкер.

Освен на „Vine“, Роко е особено активен и на „Инстаграм“, каде што редовно објавува фотографии од хуманитарни акции на кои самиот учествува. Судејќи според фотографиите, моментно престојува на Хаваите и тоа во друштво на Шон Пен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top