| четврток, 6 декември 2018 |

Раководството на ФК Ѓер им ги одзеде автомобилите на своите фудбалери

Раководството на унгарскиот фудбалски клуб Ѓер одлучи на своите играчи да им ги одземе службените автомобили и на тој начин да ги казни за неочекуваниот пораз од 3:0 од Мезоковед.

Разочаран од играта на своите фудбалери, Ѓер им ги одзеде клучевите од автомобилите марка „ауди“, кој е главен спонзор на клубот.

Ѓер е актуелен шампион на Унгарија, а по овој пораз се наоѓа на шесто место на табелата.

Засега не се знае кога на играчите ќе им бидат вратени клучевите од автомобилите, а екипата во меѓувреме го победи Капошвар со резултат 2:1, со што се пласира во четврт-финалето на националниот куп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top