| четврток, 6 декември 2018 |

Бекенбауер: Чудни работи се случуваат во трката за „Златната топка“

Почесниот претседател на Баерн Минхен и легенда на светскиот фудбал, Франц Бекенбауер, вели дека чудни работи се случуваат при изборот на најдобриот фудбалер во Европа, односно околу добитникот на „Балон Д`Ор“. УЕФА го одложи изборот за во декември, а, според популарниот Кајзер Франц, сѐ освен триумф на Франк Рибери би било бесмислено.

– Во нормални околности носител на престижната награда би требало да биде Рибери. Но, ми личи дека ништо не е нормално во изборот за носителот на „Златната топка“. Иако Франк беше најдобар фудбалер во Европа, не би ме зачудило на крај Кристијано Роналдо да ја добие наградата – вели Бекенбауер за германските медиуми.

Тој двапати беше избран за број 1 фудбалер на стариот континент, во 1972 и 1976 година, а имаше шанса за тројна круна, но извиси во трката со Јохан Кројф во 1974 година. Тогаш Германија беше европски шампион, а наградата ја доби Холанѓанецот Кројф, па сега Бакенбауер се сомнева дека сценариото ќе биде слично. Рибери со Баерн направи хет-трик во титули, ланската сезона, стана првак на Германија, победи и во националниот куп, а што е најважно со Баварците се искачи на врвот на Европа, со триумф во Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top