| четврток, 6 декември 2018 |

Утре утринската температура до минус 9

mraz

Утре не очекува суво, стабилно и студено време. Во претпладневните часови во поголемиот дел од земјава повторно ќе има ниска облачност и појава на слаба магла по одделни котлини и по речни долини.

 Ќе дува слаб, а на повисоките места и на планините умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од два до 10 степени.

Во Скопје во попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до шест степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top