| четврток, 6 декември 2018 |

Тотенхем гази во Европа, 5 меча и 5 победи на лондончани

Тотенхем го продолжи победничкиот низ во Европа Лигата на УЕФА и со триумф во Норвешка против Тромсо го осигура пласманот во следниот круг. За тимот од Северен Лондон тоа беше петта победа во исто толку натпревари, а овојпат одлуката падна со два гола во второто полувреме. Деби погодок за Тотенхем постигна романскиот репрезентативец Кирикеш во 64. минута, а победата ја потврди Дембеле со прецизен удар 12 минути подоцна.

И со реми против Марибор, Рубин Казањ го прослави пласманот во следната фаза, а дуелот заврши 1-1. Лион го победи Бетис со 1-0 во дербито од И групата и изби на чело на табелата со обезбеден пласман во следниот круг.

Резултати: Шахтар Караганди – ПАОК 0-2, Анжи – Шериф 1-1, Рубин Казањ – Марибор 1-1, Кубан – Сент Гален 4-0, Аз Алкмар – Макаби Хаифа 2-0, Генк – Динамо Киев 3-1, Рапид – Тун 2-1, Легија – Лацио 0-2, Лион – Бетис 1-0, Тромсо – Тотенхем 0-2, Риека – Гимареш 0-0, Севилја – Ешторил 1-1, Трабзонспор – Аполон 4-2, Либерец – Фрајбург 1-2.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top