| четврток, 6 декември 2018 |

Франција го напушти КФОР

Генералот Филип Бријдлав, командант на здружените сили на НАТО во Европа, соопшти дека Франција се повлекла од мировната мисија во Косово, поради „одговорноста што ја има“ во Мали и Централноафриканската Република.

Американскиот генерал изјави дека одлуката за повлекување на повеќе од 320 француски мировници од КФОР ја донел Париз, како и дека повлекување нема да влијае врз мисијата.

Бријдлав соопшти дека сепак неколку француски војници ќе останат во Косово, без да прецизира кога контингентот на Вооружените сили на Франција ќе го напушти Косово.

Силите на НАТО во Косово во моментов бројат околу 5.000 лица, за разлика од 50.000 кои Алијансата ги испрати таму во 1999 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top