| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Бугарија заедно ќе бараат средства за железничко поврзување

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на денешната средба во Софија го информирал својот бугарски колега, Данаил Папазов, дека целосно е подготвена проектната документација и финансиската конструкција за железничката делница Куманово – Бељаковце.

Јанакиески посочил дека градежните работи се очекува да почнат во првиот квартал од следната година, а на почнувањето со градежните работи најавено е присуство и на министерот Папазов.

На средбата македонскиот министер информирал дека втората делница од пругата, која треба да ја поврзува Република Македонија со Република Бугарија, односно секцијата Бељаковце – Крива Паланка, се очекува да почне со изградба во втората половина од 2015 година и дека е во тек подготвувањето детална документација за нејзината реализација.

Во однос на последната секција, од Крива Паланка до границата со Република Бугарија, како што посочил министерот Јанакиески, предвидено е целосната документација да биде подготвена со средства од фондовите на Европската унија до крајот на 2016 година.

Двајцата министри ја реафирмирале посветеноста да ја засилат соработката со релевантните институции на ЕУ и сите меѓународни финансиски институции за обезбедување на потребните финансиски средства, неопходни за изградба на транспортната инфраструктура долж коридорот 8 и го изразиле својот интерес да соработуваат во проекти кои имаат за цел интегрирани транспортни услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top