Директорот на ЈСП „Скопје“, Мишо Николов, денеска најави дека претпријатието ќе набави снимачи за камерите за 50 автобуси и тие ќе бидат поставени на почетокот на следната година.
– Снимачите ќе се поставуваат во автобусите кои сообраќаат на релации каде што постои највисок ризик од инциденти, како 65, 55, 58 и 7. Овие снимачи ќе помогнат при истрагата на МВР во откривање на сторителите на инцидентите – вели Николов, пренесува „Курир“.
Тој истакна дека годинава е зголемен бројот на инциденти во автобусите, па затоа се вработени четворица контроли кои треба да превенираат или да спречат инциденти во автобусите 65 и 55.
Првиот човек на ЈСП најави дека ќе се вработат уште четири или шест лица кои ќе постапуваат на ризичните линии како оние до Сопиште и автобуската линија која минува кај средните училишта ПТТ и Хемиско.
Во рамки на овој нов проект, на дисплеите на повеќето скопски авотбуси ќе бидат поставени пораки „Скопје – град без насилство“ и „Заедно против насилството“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.