| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски земал помала плата и од чуварот на театарот (ВИДЕО)

Интервјуто на Јанко со познатиот македонски актер Тони Михајловски во вчерашната емисија „Јади бурек“ беше како што сите очекуваа. Тони во свој стил, со својот уникатен хумор и заразна смеа повторно успеа да нѐ забавува повеќе од еден и пол час.

Актерот раскажа и за неговите авантури во Македонскиот народен театар пред неколку години кога земал плата помала и од таа на чуварот на театарот. Сепак, Тони Михајловски годинава повторно се враќа на сцената на МНТ, а неговата претстава „Вечна куќа“ ќе ја има честа да го отвори новиот објект на театарот.

Погледнете го целото гостување на Тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top