| четврток, 6 декември 2018 |

Ана Ивановиќ: Би сакала да бидам глумица

Српската тенисерка Ана Ивановиќ следната недела ќе гостува на егзибициониот турнир во Колумбија, каде што ќе одигра меч против русинката Марија Шарашова, па по тој повод им даде интервју на локалните медиуми.

Во интервјуто таа зборува за нејзиниот приватен живот и за плановите, па така открила дека никогаш не би можела да биде пејачка бидејќи не знае да пее, но би сакала да се обиде како глумица.

– Кога станува збор за филм, кој знае што ќе се случи откако ќе ја завршам кариерата. Ја имав таа чест неколку пати да ми понудат мали улоги, но фокусот сега ми е на тенисот, а и не ми одговараа со распоредот и морав да кажам не – изјави Ивановиќ.

Ана додаде дека слободното време кога не е на тениските терени не го користи за шетање по градските улици или низ бутици.

– Секој сака да го оствари максимумот на турнирите. Затоа е важно да ја сочувате енергијата и да се отпуштите. Меѓу мечевите јас се одморам за да бидам во подобра состојба. Некогаш е тешко бидејќи градот ве мами, но најдобро е да останете во хотелот, да читате книга или да гледате филм – рече тенисерката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top