Цената на становите во изградба во Франција во третиот квартал паднале за 0,2 проценти, покажуваат податоците што ги објави францускиот Национален институт за статистика и за економски студии. Цената на куќите во тој период е намалена за 0,4 проценти, додека цената на становите е, сепак, зголемена, и тоа за 0,1 процент во однос на претходните три месеци, пренесува во своето соопштение Институтот, објавува „Ројтерс“.
Во однос на истиот квартал лани, цените на станбените објекти на францускиот пазар опаднале за 1,4 процент, 1,6 процент за куќите и 1,2 процент за становите. Во регионот на Париз дошло до пад на квартално ниво од 0,3 проценти, при што становите се поевтини за 0,6 проценти, а куќите поскапеле за 0,3 проценти.
Што се однесува до Париз, цената на користените станови во третиот квартал паднала за 0,5 проценти во однос на претходното тромесечие, односно 2,1 проценти на годишно ниво.
Во внатрешноста цените паднале за 0,1 проценти, 0,5 проценти за куќи, 0,5 проценти за станови, додека во однос на истиот квартал лани опаднале за 1,5 процент, 0,8 проценти за станови и 1,8 процент за куќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.