Вчера Емилијан Станковиќ за „Република“ изјави дека е во тек собирање на потписи од пратениците на опозицијата за враќање на пратеничките мандати и дека останале уште неколкумина да се попишат за да ја почнат постапката и легално, преку Собрание.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека законот е јасен и дека законските одредби ја предвиделе оваа ситуација
-Враќањето на мандатите не значи по автоматизам и парламентарни избори. Дополнителните избори се законски регулирана материја и ние ќе се водиме според тие одредби- вели Илија Димовски, директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Изборниот законик, во овој случај процедурата е долга. По оставка на еден или повеќе пратеници, Државната изборна комисија го нуди испразнетото место на следниот(те) од изборната листа. Ако оваа понуда биде одбиена од сите од листата, тогаш се распишуваат дополнителни избори во сите шест изборни единици.
Од друга страна, пак, можно е делумни избори и воопшто да нема затоа што Собранието може да функционира како и досега, со мнозинството од пратениците од партиите што не го бојкотираат парламентот.
Делумните избори во пропорционален изборен систем навистина е тешко да се организираат затоа што во тој случај сите гласачи во Македонија би гласале за 43 испразнети пратенички места, а не за 120 места во Собранието.
А не е исклучена и можноста дел од лицата што се следни на избирачките листи од последните избори, сепак да ја прифатат поканата од ДИК и да ја искористат шансата да станат пратеници, особено оние што се на листата од помалите политички партии што биле или се во коалиција со СДСМ на последните парламентарни избори.
Во Изборниот законик нема рок за распишување на делумните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)